Инструкции - Побрзо и поекономично извршување на новата мисија

Day 1,914, 01:21 Published in North Macedonia North Macedonia by Only one Macedonia

Мислев дека овие мали инструкции дадени од искуство, кои според народната изрека се во духот на "прашај паталец а не гаталец"...



...ќе им бидат практични на оние кои сеуште ја немаат извршено новата мисија "Make war not love" па во таа полза и ја посветив оваа статија.



Така да веднаш да прејдеме на главното, за тоа како треба да постапите со цел вашата мисија брзо и економично да ја изведете.

1. Што НЕ треба да направите:

- Никако не ставајте на ланец повеќе базуки спремни за пукање и со нив пукате, мислејќи дека така сте многу јаки и со еден yдар ќе го убиете Купид. Исход: Ќе ви ги собере сите базуки што ги имате на ланец а Купид ќе остане со повеќе од пола енергија.
- Првото правило важи и за другите (скапи) оружја, како што се тенковите Q7.
- Не се залажувајте дека со еден удар ќе го убиете, па макар користеле и високо разорувачко оружје (50000 сила или повеќе) - тоа НЕМА да делува на Купид, и само ќе се смета за направена штета во битката.

2. Што треба да направите:

- Најпрво ќе треба да одберете ново-започната кампања за да имате време во нејзино времетраење да ја завршите мисијата со само-полнење на енергијата и БЕЗ да користите чоколадца. Значи се вклучувате во почетокот на кампањата за да имате време да ја завршите мисијата и избегнете Купид да ви се појави на друга кампања пак со полна енерегија, па да морате се наново да правите.



- Откако ќе си одберете нова кампања и таму ќе ги направите ако не сите 44, барем (обавезно) последните 10 отстранувања на непријателот, обавезно исто така проверете колкава е реалната енергијата на Купид, зошто таа што навидум и на прва се чита е лажна и секогаш покажува многу помалку од колку што навистина е. Ќе го проверите тоа ако, откако ви се појави Купид веднаш после тоа направите "refresh page" за после тоа да можете да ја проверите вистинска вредност. На пример: во Д2 левел сила првично покажува дека e 120 (ми се чини дека беше) за после "refresh page" да покаже дури 1300 енергија. Па според левелот на неговата енергија ќе ги адаптирате вашите наредни напади....и ќе чекате да му ја намалите под вашата за да го совладате.

- Откако ќе ја ставите неговата енергија под ваша контрола, ќе почнете полека да му ја намалувате, така што ќе си актвирате само по една базука во еден удар и ќе почнете постепено да му ја намалувате енергијата...а вашата ја полните меѓу-ударите, или пак ќе ставите во ланец најмногу по 2 Q7 тенка во еден удар.



- Ако во меѓувреме таа борба престанала, ќе продолжите во наредната со истата стратегија, каде Купид пак ќе ви си појави со истата енергија каде што сте го оставиле во предходната битка.

Ви гарантирам дека ако ги следите инструкциите во времетраење од две борби ќе ја постигнете целтта нај-економично и без страв дека нешто ќе се смени.

Впрочем што заклучив со оваа моја обзервација е дека ако сакаме да успееме во оваа мисија посветена на љубовта, треба да го користиме нејзиното оружје, или оружјето на љубовта,



...кое повеќето од вас сигурно знаат дека таа знае и умее многу тивко, полека и нежно да убива - исто како песната ‘Killing me softly’

Се надевам дека на многу од вас (кои сеуште ја немате исполнето мисијата) овие совети ќе ви помогнат и набрзо ќе ја постигнете целтта, и да добиете порака каква што е подолу прикажаната. Разликата ќе биде во бројноста на наградите, кои како што веќе спомнаа од Министерството за Информирање, ќе зависи од левелот кој го имате.



Only one Macedonia