МЕГА ИНТЕРВЈУ СО ПЕЈОСКИ - КАНДИДАТ ЗА КОНГРЕСМЕН ВО НАЈРАН!!

Day 1,371, 12:31 Published in North Macedonia North Macedonia by blagojche1995

Значи некој ден пред избориве решив да направам едно интервју со еден познаник, кој верувам дека добро ќе се покажи доколку биде избран за конгресмен. Па.. да почнеме!!

1.Кој е Пејоски во РЖ??
-Во приватно сум 24 годишен Скопјанец (Центар), штотуку дипломиран на државниот универзитет, отсек Економија... Моментално невработен, неженет, со единствена пасија кон eRepublik и ноќни искачања.

2.Колку долго ја играш играва??
-Играта првично почнав да ја играм пред година и пол, со тогашниот ник Расколников. Но поради преголемите обврски што ги имав во тој период, направив пауза за на ден 19 Февруари 2011 да започнам од почеток со моменталниов ник и целосно да се посветам на играта и на еМакедонија.

3.Какво искуство имаш во врска со конгресменскава работа??
-Во самата игра ме привлекуваат сите аспекти (политички, воен, економски и сл), но тоа што најмногу ме превлекува, покрај економијата(професионална деформација) е политиката. Во РЖ исто така сум прилично активен на политички план (партиска функција). На играта немам искуство како конгресмен, ова е моја прва кандидатура. Се водам од моите принципи во РЖ како носител на партиска функција, а тоа се чесност и макотрпна работа

4.Каде си кандидат, од која партија си кандидиран и кои се твоите планови доколку бидеш избран за конгресмен??
-Кандидат сум во областа Најмар. Кандидиран сум од страна на партијата еВМРО-ДПМНЕ. Нашата партија е во тотален подем, со одличен лидер кој што знае да работи посветено.Доколку ја добијам поддршката од народот и ме изгласаат во конгресот, ќе работам САМО и САМО во координација со сите конгресмени, претседателот на државата и претседателот на матичната партија. ЈАВНО изјаваувам дека на своја рака, самоволно ништо не преземам!

5.Како ти изгледа моменталната состојба во еМакедонија??
-Искрен да бидам, лошо. Разочаран сум од поединци во врвот на власта, кој што преземаат одлуки без да се консултираат со народот, тој народ кој што ги донел на власт. Но на крајот од краиштата сум оптимист и се надевам дека сите Македонци ќе се консолидираат и ќе има единство и целосна слога помеѓу сите нас.

6.Кои се твоите планови во врска со играва??
-Плановите ми се колку можам(во граници на можностите) да направам да не постои раздор помеѓу нас македонците, да допринесам со моите познавања од економијата да се зајакне еМакедонија, на политички план ќе бидам максимално фокусиран со нашиот лидер и нашата партија да даваме предлози за поуспешна еМакедонија !!

Благодарам што изразивте желба да ме интервјуирате и се надеваме дека македонците ќе го направат ВИСТИНСКИОТ еИЗБОР ЗА еМАКЕДОНИЈА!
А на вас читателите ви преостануваат три работи!! Прочитајте ја статијава, шаутирајте и се разбира главното на 25ти гласајте за ПЕЈОСКИ во НАЈРАН!! о7