[Аминта] Вонредно Претседателско обраќање

Day 1,331, 04:47 Published in North Macedonia North Macedonia by Aminta Makedonecot



Ќе бидам краток и јасен бидејќи и немам многу време за губење.
*појаснување - не ишувам од претседателскиот весник бидејќи има технички проблем со НБРМ. не е до мојата волја.

1. Лето е. Многу луѓе се неактивни и голем дел кадарните не сакаат да си земаат обврска да се вклучат во раководењето на земјава. Поради тоа имаме проблем со саглам кадар кој би ги бркал работите во и надвор од земјата. Им благодарам на дел од постарите играчи кои сепак повремено ми стојат на располагање како советници и ми обезбедуваат контакти.
Единствени кои не мируваат и во летниот период се хејтерите и сопкарошите...

ТОТАЛЕН НЕПОЧИТ И ОПСТРУКЦИИ имав од Панцери и којоти2 кои од сам старт наредиле и тие луѓе кои ги вклучив во мојот кабинет да излезат од мојата Влада па со тоа се исплукаа во мојата подадена рака за пријателство и тргнаа во поход да ја уништат внатрешната слога во Македонија. Еве читајте сами:


ВЕ МОЛАМ РАЗБЕРЕТЕ ЕДНО дека цела меѓународна комуникација ја бркаме двајца - јас и Медс. Затоа ценете го нашето време што го губиме по цел ден на чат да преговараме, договараме и организираме.

2. Односи со Србите и Турците.
АПЕЛИРАМ на сите добронамерни Македонци кои сакаат да ми помогнат мене и на Македонија да го оствариме планот кој го имаме зацртано и на кој работиме - НЕ ПАЃАЈТЕ НА ПРОВОКАЦИИ!!!
Не смее да се дозволи ради поединци да се расипат одличните односи кои сеуште официјално ги имаме со нашите браќа во Турција и Србија.
Затоа од наша стрна ликови како гого мастер и Панцер се предавници на Македонските интереси и го минираат нашиот обид да се избориме за она што го заслужуваме. ИГНОРИРАЈТЕ ГО СПАМОТ и ТРОЛАЊЕТО НА ГРЦИТЕ, дел од ИНЦИ (КИПАР) и нашиве подлизурци дома. НЕ ДОЛЕВАЈТЕ МАСЛО ВО ОГАНОТ!
Српската Валда и Претседател не поддржува во нашите планови исто важи и за Турската Влада и Лазократите + Турската легенда СтанковичАлекса е на наша страна во сите наши напори.

3. Ситуацијата со Кипар...
ПОВИКУВАМ НА ЛАДНИ ГЛАВИ.... имајте на ум дека таму има и многу Грци кои се и иницијатори на кризата. САМО НА грците им оди во прилог оваа ситуација - ВЕ МОЛАМ ДА НЕ ИМ ПОМАГАМЕ ВО НИВНИОТ ОЧАЈ ДА ВИДАТ МАЛЦЕ СВЕТЛИНА ВО ТУНЕЛОТ ВО КОЈ СЕ ЗАГЛАВЕНИ!
Значи да ви е јасно на сите - НЕМА ДА ИМА ВОЈНА СО КИПАР НИТУ НЕ СО НИВ! тоа тргнете си го од глава и не паѓајте на провокациите од инци, кипарските грци и нашиве пацери!
И покрај тоа што инци први почнаа да провоцираат, го погазија мојот добронамерен збор и објавија цел таен муабет, дигнаа 4 востанија против нас вчера.... ние нема да бидеме како нив и да го играме нивното оро... имаме ние свој пат кој не зависи од инци или Кипар - не го заборавајте тоа!

Ве молам за разбирање и што помалце спамирање и препукување....
Ако сакате да ми помогнете да можам на раат да го продолжам планот (кој ќе ви до презентирам кога ќе биде конечно во движење) водете сметка за своето однесување и зајакнувајте ги пријателските односи со Турците и Србите - НЕ ГИ ЗАЛАДУВАЈТЕ!

поздрав Македонци
Умот пред јазикот!