Да ја запознаеме владата (1) [Министерство за Информирање]

Day 1,124, 05:16 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje


Со цел да ја запознаеме еВладата на Република Македонија деновиве ќе ги објавиме биографиите на сите кои моментално се во нашата влада.

Почнуваме со нашиот премиер Иван Ванчо Македонски:

Хеллоу, мај нејм из Чо...Ван Чо и сум премиер на еМакедонија 🙂

Почнав да играм на 6-ти Август 2009-та (625-ти ден) и на мое жалење роден сум како еБугар во Варна мислам беше. Многу брзо по раѓањето сфатив дека еБугарија не е место за мене, во тоа време имаа многу слаба економија и немаа болници кои тогаш беа од особена важност за развитокот на мојот акаунт. По препорака на некои еМакедонци од форумот Кајгана ја одбрав еИндонезија за мое живеалиште. Топлата клима на Јава ми годеше исто како и добрите плати во тогашната велесила во играва. Таму го отворив и мојот весник кој се викаше Македонска Нација В.Е.П. и ја напишав мојата прва статија (клик).

Следеше повикот на Macedonian_Lion и мојата преселба во еРусија. Таму најпрво станав член на Македонската фаланга, а потоа и нејзин заменик командант. Големо влијание на мојот развиток во играта имаше токму ова вклучување во организирана воена единица. Исто така се активиравме и на политички план (имавме Македонска партија) и на некој начин бевме амбасадори на нашата татковина. По еден подолг период дојде крајот на оваа наша мисија во Русија и тогаш мнозинството решивме да се преселиме во еТурција и активно да се вклучиме во тогаш разгорената војна со нашите јужни соседи. Оформивме слична единица на онаа во еРусија која го носеше истото име но ја немаше успешноста на МФ.

Во еден момент ни дојде една идеја, поткрепени од нашата бројност во играта и незадоволни од пасивноста на админите околу додавање на нови држави решивме да пробаме да ја превземеме власта во некоја помала земја и така да алармираме за нашата ситуација. Имавме доста бројна и организирана заедница, а немавме еДржава. Прва мета беше еБелгија која и претходно беше поле за ПТО акции на многу држави. На прв поглед изгледаше достижно, но се соочивме со јаки ПТО тимови од Хрватска, САД и Романија и решивме наместо целосно ПТО да се придружиме на анти-ПТО напорите на РЛ Белгијците и Феникс. Јас и уште тројца Македонци успеавме да влеземе во конгресот и имавме значајна улога при донесувањето на важните закони. После еден месец поминат таму иако стекнав голем број на пријатели решив да не се кандидирам повторно за конгрес и да пробам нешто ново.

Едно утро читајќи весници забележав една статија. White Eagles има регрутација на нови членови. Отидов на нивниот ирц канал и аплицирав. На моја среќа бев примен и станав дел од оваа интернационална паравоена единица. Морам да признаам дека ова нешто ме задржа во играта бидејќи скоро сите изгубивме надеж за додавање на еМакедонија. Во единицата одлично се вклопив дури и добив одврзани раце за привлекување уште еМакедонци. Во еден момент имавме наша Македонска бригада од 10 членови која воедно беше и најсилната бригада во целата единица. Доброто дружење и забавата како и организираните акции ќе ми останат засекогаш во сеќавање.

Но тогаш следуваше пресудниот момент за целата игра. Админите после долго најавување ја имплементираа новата В2 верзија на играта. Немајќи доволно време и разочаран од недодавањето на нашата татковина решив да се пасивизирам. Тоа траеше отприлика еден месец во кој бев дво-кликер и отприлика 15-тина дена кога воопшто не играв.

И тогаш случајно еден ден читам на скајп...еМакедонија ќе биде во пакетот нови земји, се уклучувам на форум и читам. Не ми се веруваше. Се вратив во играта. По неколку дена и официјално се обзнани. Некоја си фајром ќе биде додадена. Сите бевме разочарани, но не се предадовме. Следеа најмасовните акции, петиции, статии, лобирања кај нашите пријатели. Конечно админите се вразумија и најдоа некое компромисно решение кое да се разбереме во РЛ не е прифатливо но сепак ова е игра и мнозинството одлучивме дека ќе играме под ова име и ќе ги понижиме данајците. Се приближуваше денот, нестрпливо купив карти и чекав утрината меѓу првите да се преселам и да добијам МАКЕДОНСКО државјанство. Следеше тежок период но по голготата што ја преживеавме година ипол лутајќи низ новиов свет бевме пресреќни што конечно имаме парче што можеме да го наречеме еТатковина и во него да живееме, работиме и за него да се бориме. Делот од поновава историја сигурно на сите ви е познат па затоа нема да го тупам 🙂

Да живее еМакедонија!

Ви благодарам на вниманието и се извинувам за должината на текстот



Слајдер, министер за одбрана во владата на еМакедонија:

Здраво
Јас сум Александар, на овој свет дојдов како Aleksandarr на ден 540, но набрзо бев баниран поради мулти акаунти . Како и да е, си ја научив лекцијата и после тоа се родив како син на нашиот сегашен претседател и веќе покоен Martin Davtikovski во Индонезија на ден 588. Да, Индонезија... тогаш таа беше најјаката држава во светот. Отпрвин се боревме самостојно, немавме организација освен една преземена партија во индонезија и партија во турција, работевме кај наши луѓе за оружје и ни беше интересно... Наскоро, почна светската војна PEACE објави војна на ATLANTIS и почна масовно ширење на индонезија кон америка, франција кон шпанија и канада... подоцна и русија кон америка, и заради нивниот инает ја загубивме таа војна и почнаа повлекувањата.

Потоа, Моето прво учество посериозна воена формација White Eagles од србија... супер беа дечките, само почна играта да ми здосадува и не бев активен се до моментот кога се формираше македонска единица под турска команда во русија. Да, делеа и Q5 оружја... удиравме секој ден (беше бесплатно, не требаше ни леб да се купува ). Откако ја банираа турција, единицата се распадна, а јас добив покана од генералот на единицата Гарда во србија. Таа беше најмасовната единица во која сум учествувал. Броеше 360 луѓе, и меѓу тие луѓе за помалку од 2 недели станав заменик командант, за месец дена веќе бев потполковник на една од бригадите (четврта бригада и броеше 70-80 луѓе) и добар советник на генералот dzon lennon. Тој ми даде до знаење дека добри луѓе постојат, навистина постојат, ми веруваше повеќе него било кој иако мојот чин беше прилично низок, секогаш ме викаше на состаноците при самиот врв и ми пружаше полна подршка. Се случи конфликт со тогашната влада на Србија, сакаа да ја растурат нашата единица, секојдневно имавме состаноци, го бодревме dzon lennon, стоевме зад него, но едноставно не можеше да продолжи и ја напушти играта... За жал еден од најдобрите ликови во еРепублик мораше да ја напушти играта заради нечии хирови и неколку будали . Потоа, набрзо за генерал беше избрана мојата пријателка smizZla, а јас бев назначен за генерал-полковник и десна рака, добив пристап до највисоките делови од српската воена организација. На почетокот беше добро, додека не почнаа нејзините проблеми со факултетот, па и таа мораше да напушти како и dzon lennon. После ова, како еден од последните луѓе на "Старата" Гарда решив да си заминам, бидејќи едноставно сите оние луѓе кои беа таму си заминаа заедно со dzon lennon, а потоа и јас со smizZla, едноставно немав за кого да останам.

Бев поканет да бидам дел од тогашната најјака единица Фронт. Да, јас ја немав потребната сила за да влезам таму, и тоа бев прилично слаб за нив. Но, со врски и со помош на заменик-генералката darlingsm како и мојот пријател zika bg, успеав да влезам во единицата. Тука ги научив сите потребни работи околу водењето на единица, околу дисциплината и сериозноста на пристапот. Не знам, ме сакаа... иако бившите гардисти ги бие лош глас на недисциплинирани, своеглави, непослушни и едноставно бунтовни луѓе. Прилично добро ме прифатија, добивав многу прекори дека сум недисциплиниран, несериозен (дури и мојата пријава беше премногу несериозна, земајќи го предвид дека првиот и основен критериум беше да бидеш добар човек и сериозен), дека поставував премногу прашања и едноставно јас не знам како го трпеа тоа . Тоа беше единица на постари личности од мене, јас таму бев еден од најмладите, можеби и затоа беа толку сериозни кон тоа што го работеа. После месец-два добив покана од заменикот генерал mali princ да пристапам во логистиката. За кратко време станав добар логистичар, и се грижев за про-воениот дел на логистиката, преземање команди, организација, поделба на оружја и координација на удари, додека околу фирмите не се грижев многу, отварав места и слично. И да, конечно... додавањето на еМакедонија...

После толку време, после толку години војување за други земји имав прилика да помогнам во македонија... Иако на почетокот имавме мал конфликт со партијата и нејзиното работење, работите се смирија и дојдов овдека до каде што дојдов, станав тоа што сум денес... МоД и генерал на најмасовната македонска единица, генерал на Македонската Армија. Се надевам на некој ќе му се допадне ова и ќе проба повеќе да и помогне на Македонија...
-За сите оние економисти и новинари... Фирми никогаш не сум имал, ниту сакав да имам, весници исто. Освен работа во воените фирми... друг контакт немав со нив. Да скоро целиот мој живот работев во воени компании, се на се 3-4 месеца да сум работел кај приватници. Така да, не е така лошо во војската, има за сите
Поздрав народе, и памет во глава


Royalexe - заменик министер за економија на еМакедонија:

Присутен од 21 мај 2009 (548 ден од новиот свет) со мали прекини. Се родив во Франција, секако тогаш ја немаше Македонија на мапата на еРепублик. Извесно време живеев во Франција се додека не запознав некои наши македонци за кои незнаев дека играат, потоа се преселив во Унгарија каде што ја отворив мојата прва приватна фирма за авио-карти. Подоцна имаше акција во Русија каде што и ние македонците учествувавме под воената формација Македонска Фаланга, сум живеел извесно време во Турција исто така заради некои македонски цели и достигнувања, во Белгија отидов заради превземање на државата од страна на македонските играчи во тоа време, одреден период живеев во Велика Британија за подоцна да се преселам во Јужна Кореја каде што успешно не ја добив министерската фотеља во министерството за економија (не зборував корејски) , но за прв пат станав конгресмен. Низ мојот еЖивот сум водел над 50 фирми од секоја област претежно мои но и корпорациски, сум тргувал со злато на Монетарниот Маркет, но и едно време работев купи-продај (препродавање) на фирми во Унгарија и САД. Откога ја додадоа Македонија се преселив и бев назначен за заменик министер за економија веќе два мандати од страна на LazarosaMKD. Сопственик сум на весникот Macedon Tree - http://www.erepublik.com/en/newspaper/macedon-tree-189250/1 од времето кога првпат се преселив во Унгарија.



Министер за информирање DedaNoe
заменик министер Macedonian_Lion