[Нови Измени] Erepublik Cities - Градови [TW News]

Day 3,468, 09:14 Published in North Macedonia Armenia by The Argead

Како што сите може да видете сега се воведени и градови во ерепублик во кој што се пристапува преку менито My Residence во My places. Овде може да се најде секој град односно секој регион и можеш да бидеш негов жител со плаќање на такса.



Во зависност дали е метропола или град нема место како дома.И поради таа причина ке се обидам да ви ги објаснам новите измени во ерепублик.

Домот на секој човек е неговиот замок...И по тој основ од ден 3648 ке може да го поставите вашето лично место на живеење во град или метропола за да добиете бонуси.

Градовите функционираат на тој начин што со живеење во некој Град вие ќе добиете бонуси како што се Зголемено времетраење на куќите,Подобрување на капацитетот на енергија што може да ја имаме во моментот тоа зависи од тоа каде престојуваме,Поголема регенерација на енергија во зависност од периодот што престојувате во тој Град.

Бенефиции

Жителите на резиденции ќе ги имаат бонусите се додека престојуваат во своето место на живеење односно својот Град.



Бирај го твоето место на живеење паметно поради тоа што кога ќе одете во друг регион бонусите траат само 30 минути.

Кога еден играч ќе стане дел од Резиденција тој повеќе нема да може да ја напушти резиденцијата освен ако не влезе во друга Резиденција. И куќите нема да може повеќе да се паузираат.

Големина на Градевите

Градовите се поделени во 5 групи во зависност од граѓаните кои што живеат таму. Нивната големина не само што влијае на Резиденцијалната Такса туку и на времетраењето на куќите што се дел од Градот.



Создавање на Резиденција


За да можеш да создадеш резиденција во некој град потребно е да се префрлиш во неговиот регион и да ја платиш таксата за престојување и таксата за сопственост ако имаш активни куќи.

Локална Такса

Општината може да ја зголеми таксата и со тоа да се подобри градскиот буџет

Резиденцијална такса-Зависи од големината на градот и се собира кога некој жител ке стане дел од градот.

Такса на Сопственост- Оваа такса зависи од цената на куќите на пазарот и нивното преостанато времетраење.Оваа такса има универзална вредност во иднина таа ќе биде одлучена од страна на Градоначалникот и Градското собрание.

Градски буџет

Градскиот буџет е формиран од локалната такса и дел од државната такса.

Сегашниот процент за дел од државната такса е 10%. Во иднина конгресот ќе може да го зголеми овој процент.

Градоначалникот и градското собрание одлучуваат на што ќе се троши буџетот.

Локални избори

Локалните избори ќе бидат додадени во следните недели.