[DonTas] Реформи во MRDLjS, навистина реформи

Day 1,611, 04:57 Published in North Macedonia North Macedonia by Don Tas


Почитувани
Дами и господа, другари и другарки и остала групација... (која не се пронаоѓа ниту во едната, ниту во другата категорија).

Пред неколку дена бев избран за претседател на МРДЛјС, иако и сам не знаев дека сум кандидиран, па ред е накратко да ви ја претставам ПРОГРАМАТА на партијата за дејствувањето во следниов месец.

Нашата Партија има 4 основни елементи на своето дејствување и сите се поврзани за доброто на еМакедонија.
Ние, членовите на МРДЛјС, како сериозни (и озбиљни) луѓе, како чесни (и поштени) ветуваме дека во следниот период ќе се однесуваме достоинствено кон остварувањето на нашите цели:

1. Јакнење на пијандурско – весељачката свест кај нашите играчи во еМакедонија, во еСветот и во еПошироко

2. Развивање на љубовните врски на наши членови едни кон други и и едни кон надворешни субјекти (надвор од еРеп)

3. Поддржување на сите форми на танцувачко – денсачки активности

4. Тролачко – хоштаплерски активности, како во минатото, така и во иднината


Да ги објаснам нашите цели пооделно:

ЈАКНЕЊЕ НА ПИЈАНДУРСКО - ВЕСЕЉАЧКАТА СВЕСТ

МРДЛјС во следиот период, за своите членови и симпатизери, ќе организира веселби и тоа, секој петок после работа или после школо (по 5 час втора смена) на различни локации, а сите ќе бидете благовремено известени.
Одговорни во овој дел ќе бидат: Бобан М, Миа Колучи, АлексСкопје, Гламче и Лавчан. Секој што сака да се придружи е добродојден. Ова е главен елемент на нашето делување, затоа што и целата стратегија на Партијата, се прави овде и секој може да дискутира, под услов да има опнато минимум 5 пијачки. И се ова за доброто на еМакедонија.
Впрочем и сите овие надчовечки напори и жртви што ги даваат членовите на нашата Партија се во таа насока - на еМакедонија да и е подобро. Тоа ќе го забележите и до следниве фотографии, кои покажуваат како завршуваат состаноците на нашата партија. Верувајте не е лесно да си член на МРДЛјС.
Нема да обележам кој е кој на фотографиите, верувам дека сами ќе ги препознаете. Ако не ги препознаете, дојдете на следната веселба.


Ова не е Лавчан


ова не е Бобан М.


Ова е еден од потпретседателите на партијата. погодете кој?

МРДЛјС е еманципирана партија и се грижи за женското членство. Особено за мачките од Хаос и за кучките од РД. Неколку слики од нив.





РАЗВИВАЊЕ НА ЉУБОВНИТЕ ВРСКИ

Нашето мото по оваа точка од партиските цели гласи: Ако сакате да видите што е искрена љубов, придружете ни се. Тука ќе видете примери како некогаш е претенка границата помеѓу другарска и љубовна љубов. Ова го нема во друга Партија. МРДЛјС ЗАКОН.
Илустрации подоле се ненамерни и случајни. Одговорни за овој сектор се Димзааа и ЈанеЏани.


еве како изгледа тоа


ТАНЦУВАЧКО - ДЕНСАЧКИ АКТИВНОСТИ

Ова е оној дел од нашата програма што не прави најсилни е непосредно поврзана со првата точка од нашата програма. Секое наше собирање завршува со „плешење до зори“. Одговорните Кики, Љупка, Бојана П, Варлор и ВилдО ве очекуваат да им се придружите.

ВилдО и Кики


Варлор со непозната цура


и сами девојки (мислам дека се Љупка и Бојана П), кои очекаат да им се придружите и да ги имате како партнерки за денс, само ако сте членови на МРДЛјС


ТРОЛАЧКИ ХОШТАПЛЕРАЈ

Со оглед на тоа што во партијата членуваат Хаос и дел од Костаплерс неизбежно е да го негуваме и Тролачко – хоштаплерскиот карактер на партијата. Овие две единици во минатото, како и во иднината, се покажале дека се најголемите тролци во еМакедонија. Кога на нив ќе им се приклучи и Феликс, особено кога претходно ќе присуствува на состанок, опишан во првата точка, тогаш нашата партија е во вистински елемент. Затоа ги повикуваме сите тролци и хоштаплери, куротресци и ебиветри, кои ќе се препознаат во оваа точка од нашата програма, за доброто на еМакедонија да ни се приклучат. И да се пријават кај одговорни за овој дел: Троопер6, Феликс и Спиро. Во прилог слика од нив, објавена на табло од матура, за подобро да ги препознаат.


И на крај да се преставам јас лично (и персонално) Дон Тас претседател на МРДЛјС – фин, мирен, примерен дечко (цел со петки), можете да ме забележите подоле на сликата, како сум овековечен во момент кога убедувам две девојки, не, за да играат еРепублик, туку да ми бидат основа за нов бејби бум.


еГраѓани на еМакедонија, ако не препознавте како сериозни луѓе, (а нема зошто да не не препознаете)придружете се на нашата партија на следниов линк MRDLjS


Фала и благодарам (одназад)


Ваш Дон Тас хехехеех