[Don Tas] Моите 365 дена еРепублик

Day 1,436, 04:31 Published in North Macedonia North Macedonia by Don Tas

Ако некој, пред една година ми кажуваше дека ќе има нешто, што ќе ме заинтересира да го „штракам“ цела година без прекин, ќе го направев луд. А кога сега на некои пријатели им кажувам дека има нешто што ме заинтересирало да го „штракам“ секој ден, веќе цела година - мене ме прават луд!!!
Така е мои еМакедонки и еМакедонци, пред точно една година се роди Дон Тас. Мало бебенце, не многу заинтересирано за играта во почетокот, класичен двокликаш...

КАКО СЕ РОДИ ДОН ТАС
Во една зимурлива вечер ги слушав Миа Колучи и нејзиниот брат, како разговараат за некоја игра што ја имало на телевизија и како сега Грција нешто ќе не напаѓала, па како ние ќе сме се бранел, па како имало некој играч (Кракерче) што во последните три месеци работел и вежбал без да пропушти ниту еден ден и имал фирми и многу голд. Јооој си реков, луда работа!!! И си продолжив да гледам филм.
Наредниот ден Миа ме запна да ми објаснува што е играта, јас влегов на веб страната и оп се регистрирав, додека таа ми објаснуваше. Ја прашав како да играм, ми рече да одам на мојот мејл и да го кликнам на линкот од нејзината порака и ќе се регистрирам. Оф мори мајко, јас пет минути пред тоа, веќе се регистрирав. Три дена муабет не ми правеше зошто не сум се регистрирал како нејзин реферал. Реферал???? Немав поим што е тоа! Покасно излезе дека е добро што не сум и реферал, затоа што играме од иста ИП адреса и сигурно досега милион пати ќе бевме банирани и немаше во еМакедонија да постојат ниту Миа Колучи, ниту Дон Тас.
По три месеци мрзливо кликање да испечам некое лепче или да истренирам, сфатив дека е добро да имаш и реферали, па ги „утепав“ од молење некои пријатели да се регистрираат преку мене. по три месеци играње добив еден, - плус 10%, за два дена уште еден - плус уште 10%. Ајдееее! Не застанав овде, почнав да форсирам одење на гости кај пријатели што имаат интернет за да ги убедувам да се регистрираат како мои реферали. Но, ете ти прво разочарување од играта: Ако имаш 5 реферали не ти дава 50% плус, туку пак 20%.

ПАРТИЈА, ЕДИНИЦА, ПРВ БХ И ПРВ БАН
- Веќе, колку толку ја сфатив играта, кога ми стигна порака од Васил Чакаларов: Ќе правиме партија, ми пиша, да се придружиш. Ми беше интересна идејата и така првпат влегов на Ирц и разбрав дека имало и такво нешто во играта. Како што не сум многу вичен со канали, линкот од МНФ и ден денес ми е запамтен на компјутерот (иако нема веќе никој таму) и секој ден првин преку него влегувам на Ирц, па потоа на другите канали. Од друг компјутер не знам како да влезам на Ирц 🙂 Пред некој ден Македонија до Индија влага на овој канал и ми вели: Доне, што правиш бе овде сам на овој канал, кога веќе 3 месеци тука нема никој. Е како да му кажам дека само од овде знам да влегувам.
- Решив да бркам БХ и уште на првиот обид пукам ли пукам - направив 17.000 инфлуенс (тогаш се земаше БХ со 20 до 30.000) ете ти порака од некојси МагиМастер: Немој да си се осмелил, појак сум од тебе! А така ли пиле, си велам, штрак картицата и рокај. На крај ни влезе и на двајцата некој луд Бразилец и не ПРЦна. Тогаш ја добив и поканата за членство во Chaos order, а МагиМастер стана мој гуру во учење на трикови на Ирцот. Оттука почнува мојот вистински е-живот. Научив се, иако првите денови имав проблем. Не знаев што е о/, о7, xD, 😃..... Најтешко ми беше кога богот Лавчан ќе дадеше наредба: „Ставајте ТАГ и сите на армиски“!!! Шпанско село за мене. Барај по чичко ми гоогле што е тоа ТАГ. Неам поим, и ќе се исклучам од канал. Ете ти порака: „Дон Тас враќај се на канал, ставај ТАГ и на армиски“. Е тогаш го исклучував и компјутерот и се логирав дури наредниот ден.
- Во тој период го фатив и првиот БХ, некаде во Шпанија со 35.000 инфлуенс, но го попив и првиот БАН, додуша темпорален на еден ден. Пукнав во тие 24 часа, како да ми убиле некого. Дон Тас беше во клиничка смрт!

БЕБЕТО СТАНА ПРЕТСЕДАТЕЛ
Ете дојде време тоа бебенце - да стане и претседател, и тоа два мандата. Благодарен сум на партијата МРДЛјС што имаше доверба во мене, иако додека цела единица беше во оваа партија, јас бев во МНФ. За овој период трипати ја бришеме Грција - затоа ќе барам место во историјата и споменик, не мора на плоштад.
За овој период запознав многу добри луѓе, многу успешни момци и девојки во реалниот живот. Со некои од нив се слушам и повеќе пати во денот, барем двапати неделно пиеме пиво, јадеме крилца (ај понекогаш и кафе - ама претежно пиво)
Не жалам ниту за една секунда помината пред лаптот, не жалам ниту за едно евро испратено во кесето на Плато, не жалам ниту за безброј испуштени настани од реалниот живот, за да го живеам овој виртуелен живот.
Се радувам што од еРепублик добив нови пријатели, се радувам што во еМакедонија има добри дечки и девојки, се радувам што еМакедонија е успешна приказна и велесила во еСветов.
Често знам со пријатели од реалниот живот и да откажам дружење и да пролонгирам за неколку дена, но никогаш не сум одбил покана од Бобан М, од Спиро, од Лавчан, од Димзааа, од Мудаш, од Аексил Конг и од многумина еРеп пријатели, претежно мои Chaos-овци, кои ако не знаат друго, ако се тотален ХАОС без организација, барем знаат да се дружат и знаат да ми ги направат „искачанките“ со нив интересни.
Благодарам на сите што овие 365 дена ми ги направија животот позанимлив.
Дон Тас наполни една година, но убеден сум дека ќе дочека и пензија во еРепублик.

Да живее Македонската Империја
Ве сака сите Дон Тас