[Don Tas] Мора да пукаме за Пакистан против Кина

Day 1,492, 01:52 Published in North Macedonia North Macedonia by Don Tas

Драги Македонци

само кратко ке ви објаснам еден механизам на играва за да не доаѓаме во заблуда.

Сите се радуваме дека од 0:4 успеавме преку ноќта да ја свртиме Иранско - Пакистанската војна во Систан и веќе да водиме со 5:4 и да сме на пат да се добие и шестата победа за нас (односно за Пакистан).

Но да не заборавиме дека Пакистан во моментов има само една територија, која е под напад на Кина Balochistan
и каде што Кинезите водат веќе со 6:0 и за 2 саата ќе победат. Доколку тоа се случи, тогаш битката во Систан, без разлика што Пакистан води, по автоматизам ќе се прекине и таа територија ќе остане во владение на Иран.

ЗАКЛУЧОК: Ако сакаме да има ефект нашето пукање за Пакистан против Иран, мора да се потрудиме Пакистан да добие неколку рунди против Кина, во спотивно се е џабе.

Овој пример веќе го имавме, кога ние го бришевме последниот регион на Кипар, а тој ја нападна Турција преку НЕ. Откога ние го заземавме последниот регион, Кипарско - Турската војна по автоматизам се прекина, без разлика што Кипар водеше.