[Don Tas] Конгресмени...АМАН!!!

Day 1,419, 15:15 Published in North Macedonia North Macedonia by Don Tas

Конгресмени АМАН...АМАН... дај еднаш разни дечишта и мулташи во конгресот нека не избрзуваат.
Пред војната со Кина, кога ја направивме целата стратегија, од Кина да се браниме преку востанија во Арабија, а од Грција со НЕ, некојси конгресмен Тропер, без консултација со било кого пушти закон и законот беше изгласан. Моравме да правиме претумбации, затоа што бевме веднаш ставени во нерамноправна положба во војната со Грција.
Целата завршница ја знаете - останавме на една територија, без ресурси, а господинот конгресмен Тропер, два дена потоа си зема државјанство на друга држава.
Откога ја избришавме Грција, правам стратегија за договор со Кипар, за да можеме да одиме на исток. Да! На далекиот Исток, кон Индија и кон Кина! И тоа заедно со уште две - три други држави сојузнички.
Тогаш некојси Игор пушти Закон за НЕ кон Египет??? Без да праша било кога. Сека некојси Посран, уште толку ја испосра работата. Пушта Закон за НЕ кон Кипар. Кипар веднаш ни пушти нам.
А синоќа бев на конгресменскиот канал, им ја кажав стратегијата и за вечерва закажав состанок на конгресменскиот канал, за да им кажам до каде сме! А сме до некаде! Два дена се договараме со Кипар, со Турција, со Иран...како да ги поделиме ресурсите по мирен пат. Два дена губиме по цел ден, а Посраниот се најде ГЛАВЕН ФРАЕР да пушта Закон. Го прашавме ЗОШТО? Рече некој му дал 150 тенка мито за да го направи тоа! Нека му служи на чест!
ДЕЧКИ секоја чест на нашите конгресмени. Таму има многу луѓе кои се познати македонски играчи, но во иднина ве молам пазете за кого гласате. А вие недозреани дечиста, подмитливи фигурички, пишете, јас ќе ви дадам 5 голда колку што се добива за медалот, само немојте во иднина да се кандидирате и преки своите мултиња да влагате во Конгресот. Ја труете еМакедонија.

КОГРЕМЕСНИ воздржете се од гласање до утре до 12 часот. Да му дадеме шанса на мирното решавање на проблемот. Лесно е да завојуваме. Лесно е да удри оружјето. Оставете ни да го направиме потешкото - подоброто за Македонија, оставете да се договориме со Кипар. Ако не успееме, утре ќе гласаме сите за војна!