[Don Tas] Отчет + втор мандат

Day 1,414, 02:39 Published in North Macedonia North Macedonia by Don Tas

Горди Македонци

поминавме тешки 30 дена, но на крај завршивме како победници. Ја избришавме Грција во оригиналните територии!!!
Моите 30 дена раководење до еМакедонија би ги поделил на два дела:
- Првиот, кога бевме донесени само на една територија, со опасност за комплетно бришење. Не маваа од сите страни, тенкаа против нас и Кинези, и Грци, и Хрвати, и Бразилци, и Бугари, и Инчи. Дури помислувам дека секој што немаше што да прави во е-животот, тие денови пукаше против нас. Издржавме, многу ноќи неспиевме, сите заедно во 3 или 4 наутро не имаше по 200 - 300 онлајн само за да се одбраниме. И се одбранивме во Повардарие - нашата последна територија.
- Тука започнува вториот дел од мојот мандат кога тргнавме силно во офанзива - да ја оствариме нашата цел Грција уште еднаш да ја видиме зелена на мапата. Вчера и тааа мисија ја завршивме. Успеавме, сите заедно!
Но и да не успеевме, и денес да бевме само на 2 или на 3 територии повторно ке напишев дека сме победници, повторно ќе кажев дека еМакедонија е сила, Империја, затоа што моќта на нашата е-заедница произлегува од народот Особено сум горд што во овој период успеавме да се сплотиме, да се обединиме, да ги оставиме навредите, обвинувањата и плукањата за некое друго време или тотално да заборавиме на нив. Овој месец, Горди Македонци, лавови мои, сите игравме за еден тим - за МАКЕДОНИЈА. Затоа успеавме!


Од она што го ветив некои работи се исполнија, некои не. Тоа што не се исполни ќе се заврши следниот месец.
Ветив - обединување на еМакедонците - исполнето
Ветив - транспарентност, моја посветеност на играва и врвна организација - исполнето
Ветив - план за рефундирање во согласност со сите единци - исполнето
Ветив - субенционирање на цивилите - резервистите - исполнето
Ветив - намалување на даноците - делуно исполнето до данокот на плата
Ветив - формирање на Академија на заслужни граѓани - исполнето
Ветив - поблиски врски со проОНЕ државите и подалечните пријателски земји - исполнето
ВЕТИВ - БРИШЕЊЕ НА ГРЦИЈА ВО ОРИГИНАЛНИТЕ ТЕРИТОРИИ - ИСПОЛНЕТО

Останаа да се завршат само формирањето на Антикорупциската комисија и надоградбата на центрите кај војниците.

Сакам покрај благодарноста кон македонските тенкови ScymeX, Aexil Kong, Mudash и Sapience, да изразам голема благодарност за поддршката што ја добив и до Boban Mitrovski, Lavcan, ShadowStalkerr, Sasa Katinic, WaRIOR, Felllix, Grepce, LazarosaMKD и сите други кои помагаа за да се оствари целта која ја имавме. Благодарност до сите оние што во клучните битки го трошеа и поледниот голд (со мака собиран за бустерчиња) за да помогнат на својата држава.
Почит и до сите воени единици, без исклучок, што почитуваа наредби. Благодарност и до партијата што ме кандидираше МРСЉС.
НАРОДНА БАНКА
Во Народна банка првиот ден кога бев избран имаше 80.000 мкд и тогаш пристигна донацијата од нови 100.000. Денес во Народна банка има повеќе од 650.000 мкд. А ниту една единица не беше скратена со рефунд (освен една 1 или 2 дена), се делеа тенкови „на велико“ и пак има многу пари. Тоа е резултат на домаќинсктото работење во Миистерството за економија. Буквално за овие 30 дена се знаеше секое денарче каде оди.



ВТОР МАНДАТ
Се кандидирав за втор мандат, иако имав намера малку да се одморам, за збркнам и јас некое RW медалче, да светнам некое знаменце, но видов дека народот ме бара, видов дека еМакедонија има потреба уште еден месец да биде раководена од тимот што победува, затоа го барам вашиот глас на 5 октомври за да ја прошириме Македонската Империја, да ги зголемиме ресурсите, да ја подобриме економијата, да се обединиме уште посилно.

ПРИОРИТЕТ - РЕФОРМИ ВО АРМИЈАТА
Во октомври ќе се посветам комплетно на реформи во Армијата.
Веќе со тимот што ќе го раководи овој дел сум во постојани разговори, договори, планирања.
Прво, продолжуваме со рефундирање на воените единци, малку само ќе се предоговориме (пак сите заедно како минатиот пат) како ќе се пресметува инфлуенсот заради новите промени во МУ. Мала измена ќе има во делот што секоја единица што добива рефунд, еднаш во денот ќе мора да има органзирано мавање исклучиво по наредба на МОД тимот.
Второ, ќе формираме елитна државна бригада - Фаланга. Веќе е објаснето на кој начин ќе функционира. Значи тоа нема да биде посебна воена единица, туку членовите на Фаланга и поматаму ќе си останат членови на своите воени единици - но по потреба на државата ќе бидат повикувани, наполнети со тенкови за фул пукање и ќе се удира по потреба.
Трето, за поздравување е што сите воени единици се отворија за цивилите. Ги поттикнуваме сите единици во своите редови да примаат цивили. Државата со 15.000 мкд на ден ќе ги субвенционира цивилите - резервисти, без разлика во која единица се.
АРАПСКИ И ЕГИПЕТСКИ ТЕРИТОРИИ + РЕСУРСИ
Во октомври ќе си ги вратиме Египетските и Арапските територии. Ќе пробаме најпрвин со разговори со Кипар, ако не оди по дипломатски пак, териториите ќе си ги вратиме со војна. Тоа ќе зависи од нив.
ГРЦИЈА
Има најави од нивна страна дека сакаат да потпишеме мир. Доколку е тоа под услови кои нам ни одговараат (за тоа ќе барам изјаснување на Конгресот и на народот) ќе потпишеме мир, за малку да се стабилизираме.

БУГАРИЈА
Не ми е во план директна војна со Бугарија овој месец, освен доколку тие не не нападнат први. Ако тоа се случи ќе мора да им вратиме за двете бришења што ги имавме од нив.
АПЕНИНИ
Многумина од вас ми пишаа да одиме пак на Апенинскиот полуостров - по ресурси во Италија. Во моментов таму е Хрватска. Мое размислување е дека полесно ќе ги добиеме ресурсите во Египет и во Арабија. Но не е исклучена опцијата да зазелениме неколку територии и на Апенините.

ОНЕ
Продолжуваме со нашиот Сојуз. Ќе продолжиме со иницирање за Турција и Индонезија да станат полноправни членки.
МОЈОТ ТИМ
Тимот што победува не се менува!!!

- Премиер и министер за економија Boban Mitrovski
- Заменик претседател и преставник на Македонија во ОНЕ Lavcan
- Министер за одбрана ShadowStalkerr
- Министер за надворешни работи Lance of Longinus (Саша Катиниќ)
Во советничкиот тим ќе ми бидат сите членови на Македонската Академија.
На останатите ресори ќе останат главно истите луѓе, со некои измени, кои ќе ги објавам на 6 октомври, како и имињата на предложените заменици и помошници. Битно ова се првите луѓе на мојот тим.

ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНСКАТА ИМПЕРИЈА
ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНСКАТА СИЛА
ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА



Дон Тас
кандидат за претседател на еМакедонија
од MRDLjS, а поддржан од Macedonian Empire