Објаснување на воениот апдејт[Deployed allied forces]

Day 3,579, 09:40 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Odbrana

Здраво Македонци,

Ќе пробам накратко да ви објаснам како функционира новиот апдејт(подолу со ДАФ).

Се уште не се знае многу за новиот апдејт, дали ќе биде траен или само за време на турнирот. Од тоа што се знае, се пресметува процент која што една држава ја прави за време од една недела. Резултатите од оваа недела се следниве:


Според ова табела гледаме дека Македонија има направено 3.42% од целокупната штета за минатата недела. За време на турнирот, само државите кои што ќе бидат означени за ДАФ ќе можат да пукаат во нашите битки без да се селат. Според штетата која што ја прават сојузниците, можеме да избереме кои сојузници ќе можат да пукаат за нас без да се селат. Меѓутоа збирот на штетите не смее да биде над 15%

Пример:
Србија прави 10.30% штета, а Ромаија прави 8.01%. Нивниот збир е 18.31% што значи дека двете држави неможе истовремено да пукаат за нас без да се селат. Поради ова мора да се прават комбинации.

Пример и мој предлог:
Да одбереме повеќе држави со помалку штета поради тоа што со земјите кои што прават повеќе штета сме во постојан контакт и тие однапред ќе знаат кога нас ќе ни треба помош.

Добра работа е тоа што одбраните земји можат да се менуваат цело време како нас ни одговара. Доколку Србија имаат важна битка и неможат да ни помогнат ќе бидат тргнати од ДАФ и ќе им се остапи место на други држави.

Доколку бидат објавени повеќе информации околу промената ќе бидете дополнително известени.

До следно читање
o7