Мојата новинарска историја[Andrejxs]

Day 1,362, 13:59 Published in North Macedonia North Macedonia by Tepame na Kondicija

Како и секој нов играч како ги запознавав механизмите на играта сфатив дека најбитното нешто ,нешто без кое не е можно да се напредува , разивива е златото.Па со намера да заработам некој голд го отворив весникот , мислев дека до тие 1000 претплати се стигнува за 2-3 дена без многу мака.Но по кратко време увидов дека гадно сум се излажал.Пишував статии како ММ акции , акции за делење на леб и сл.
Тогаш не сфаќав дека пишувам глупости и никој не го чита тоа.После некое време сфатив дека луѓето сакаат да читаат за најнови настани , промени итн.До тогаш имав собрано 1 медиа могул медал ни јас самиот не знам како дојдов до него веројатно поради тешкиот спам 😃.

Со целиот тој спам стигнав некаде до 1400 претплати и тогаш се случи чудо во вистнска смисла на зборот не ни помислував дека со една статија ќе земам уште еден медал , а уште помалку дека со статија на која немам напишано ниту еден збор
Еве ја статија за која зборам http://www.erepublik.com/en/article/greeks-reaction-when-they-hear-the-name-scymex-1778561/1/20 на оваа статија собрав над 1500 гласа и преку 450 претплати...изгледа во времето коа сум ја пишувал статијата ScymeX бил многу популарен ,мора да му се заблагодарам на тоа 🙂.

После добивањето на 2 медиа могул медал мислев дека ке престанам да пишувам , но откако играта претрпи големи промени го снема економскиот модул , воениот до некаде се врати , но не ми преставуваше задоволство да војувам ,мојата страст беше новинарството.Откако добив на 2-3 статии над 100 гласа помислив дека на луѓето и се допаѓа што пишувам па можеби и тоа е причината што пишувам поквалитетни статии во однос на тоа кога започнав.

Едно од најголемите задоволства ми случија кога еден според мене најдобрата статија што ја имам напишано надмина 300 гласа тоа почувствував задоволство бидејќи осетив дека ми се врати трудот што сум го вложил во таа статија.
Еве за која статија зборувам http://www.erepublik.com/en/article/-1-1819990/1/20
Повторно осетив задоволство и почуствував дека мојот труд не е залуден и дека воопшто не се каам што отворив весник кога ја видов оваа слика

Пред една недела го преименував весникот од Andrej vesnik во No Respect NewS
бидејќи сакав ново и иновативно име за мојот весник се надевам дека ви се допаѓа.Еден совет за тие што имаат отворено весник или мислат да отвараат без разлика колку и да е квалитетна статијата доколку немат пријатели да ја шаутираат и да ви помогнат целиот труд ќе ви пропадне.

И за крај сакам да им се заблагодарам на сите што се имаат претплатено на мојот весник и ми помогнале да стигнам таму каде што сум сега , ви ветувам дека и во иднина ќе пишувам само за вас за да се одолжам за помошта која сте ми ја дале.

Се надевам дека во иднина ќе станам најпретплетиот и најчитаниот весник во цела Македонија и пошироко 😃