Роденденско интервју со Admiral Trench

Day 1,641, 16:28 Published in Spain France by Princess Emily

Почитувани Македонци,
По повод првиот е-роденден на еден од моите најблиски пријатели и соработници во играва, Admiral Trench, направив едно интервју, со цел да ги споделиме впечатоците кои можат да се стекнат во рок од една година, а кои формираат една уникатна е-животна приказна, каква што впрочем имаме сите. Подолу следи интервју со славеникот.

Музичка подлога (од оние песни кои не се слушаат, само се гледаат, типично за Тренч xD)


1. Како дозна за играва и што е тоа што и денес те држи овде ?
Admiral Trench: За играва дознав од Селеук зошто многу го дрвеше во РЖ и бараше реферали и почнав да ја играм ама не како негов реферал и во играва останувам само ради поединци и го нервирам Селеук. 😃


2. Кои се твоите достигнувања во оваа година додека ја играш оваа игра ?
Admiral Trench: До сега достигнувањата се тоа што запознав многу луѓе во играва и ми се добри пријатели а за други достигнувања слабо.


3. Дали си размислувал да се кандидираш за претседател ?
Admiral Trench: Искрено би се кандидирал само доколку напраат опција да поставуваш забрана на играчи да влезат во одредена земја и да ги избркаш од неа во тој случај би колел за да бидам претседател. 😃


4. Кој би бил твојот нареден чекор во поглед на твојата политичка активност ?
Admiral Trench: Па искрено на политички план за Македонија ништо не би правел зошто Македонија има многу добри и јаки "патриоти" кои што многу подобро од сите нас би ја воделе државата и викам да им го овозможиме тоа редно време е. 😃


5. Во последниве месеци смени повеќе државјанства. Која е причината што ја напушти еМакедонија?
Admiral Trench: Па првата причина поради која ја напуштив Македонија е тоа што колку и да се трудиш да направиш нешто добро за неа секогаш ќе има некој кој што колне,вреѓа и те прави будала и пак е незадоволен ирешив да се тргнам на страна да одморам малце и да оставам "патриотите" и "силните(само на зборови изглеа)" луѓе кои само зборат да се докажат на дело. Второ не пукам повеќе за Македонија зошто кога дел од играчите се трошеа ко луди,дел од играчите се челичеа на шаути ова она колнат сме изгубиле зошто не сме пукале а истите после маваат по 7 милиони во битки кои не се битни,се сосем на трета страна и ѕидот го тераа на 100%. и трето во странство имам доста епријатели со кои добро соработувам и мислам дека заслужуваат многу повеќе помош од мене него ли нашиве.
Во Македонија да расчистиме нешто единствено доколку на власт дојде добар пријател како што е Ел Че и да побара помош нема да го одбијам и сега му помагам само за надворешните работи и контакти со странство ништо повеќе!
П.С за пријателите и добрите играчи секогаш ќе бидам тука и помагам за другите не ме интересира ама баш ништо. 😃



6. Која ти е омилена е-земја? Каде ги стекна најдобрите е-пријатели?
Admiral Trench: Искрено од кога почнав да ја играм играва најомилени земји ми се Израел,Босна,Словачка,Унгарија,Иран и од таму имам доста е-пријатели а подоцна од играва исто така доста се зближив и со земјите од ABC,Бугарија,Чиле и Албанија.


7. Ти си еден од оние кои внатрешните поделби во играва ги занемарува, и ја става дружбата пред се, без разлика на се. Дали си имал проблеми поради ова и како е да се биде космополит?
Admiral Trench: Па искрено да сум имал многу проблеми првин ради РЖ омраза и одма некој почнува да критикува вака онака зошто со него збориш он е ваков он онаков или кога ќе ми дојде некој и ќе почне да ми мудрува и политичар да ми изиграва и да глуми господ. Па искрено толку ако сака да изиграва политичар ене му го собранието нека оди и нека си е*е матер цел ден ако сака нека мудрува а они со РЖ омраза би им порачал запознајте го човекот пред да почнете да му судите зошто не се сите луѓе исти. Да се биде космополит е супер иначе запознаваш многу луѓе со кои понатаму соработуваш и секогаш се тука за да ти помогнат и едноставно ти ја прават играта поинтересна.


8. Колку време поминуваш дневно на играва, со оглед на твоите обврски овој период?
Admiral Trench: Па овој период поминувам највеќе 6 часа дневно а најмалку 1-2 саати зависи од РЖ обврските кои ги имам.


9. Дали вредеше оваа година помината овде, што би можел да издвоиш како нешто убаво што ќе го паметиш, што лошо, и за што жалиш дека си пропуштил?
Admiral Trench: Па искрено да ти кажам до негде се исплатеше а во некои ситуации не.Како најубавото нешто што би го издвоил се секако амбасадорите зошто искрено најдобро мислам тогаш многу се дружевме,сложни бевме,работливи,си помагавме меѓу себе и најаките случувања беа тогаш кај нас ни коштаплери не ни беа рамни 😛 и секако да не заборавам исто така беше и дружењето со играчи од странство кои беа малце повеќе откачени отколку што треба.😛
Па како лоши моменти има доста но како нешто што највеќе ќе го памтам е следното:
Македончето нема да биде уништено од други него самите себе ќе се уништиме и испоколеме!-искрено не би сакал вака да е но се надевам дека на време ќе се освестат ако не самите себеси ќе си ископаме гробови!



10. Кажи ни нешто повеќе за себе, сигурна сум дека повеќето не го знаат ни твоето вистинско име. 🙂
Admiral Trench: Нема потреба ни да до знаат тоа што го знаат само во играва што како сум е доволно.


11. Кажи ни нешто повеќе за љубовта кон чалгиите и сосетките 😃
Admiral Trench: Па сеа искрено јас уште од почетокот кога бевме непријатели со Бугарите јас си ги сакав чалгите од домашно образование и секако зошто да не се проба и нешто странско не само домашно. 😉


12. Што би им порачал на еМакедонците?
Admiral Trench: Не глумете многу многу "патриоти" зошто тие одамна изумреа со Гоце Делчев и останатата дружина,дружете се повеќе зошто пријателствата остануваат а витуелните пари утре може да ви ги снема и ценете го тоа што го имате зошто касно ќе биде откако ќе го изгубите.
П.С. повеќе сакајте си ги комшиките(Бугарките,Србинките и највише Гркинките) 😃



Миленичката на Тренч (зошто му е е-роденден морав да ја ставам сликава xD):


Среќен е-роденден Admiral Trench!