[Aнализа] Пред конгресната бура во новиот свет

Day 2,590, 07:09 Published in North Macedonia Greece by Alexander First of Macedonia





издание бр.4
Анализи, издание бр.1



Последните и одбројани денови на секој месец како да носат со себе една голема доза на делириум и исчекување од конгресните резултати. 25ти секој месец повеќе наликува и како денот Д на новиот свет.
Оние избришаните, секој нареден месец ќе го чекаат денот кога гордо ќе го формираат законодавниот дом, оние коишто добиваат конгрес по којзнае кој пат веќе се навикнати на пред конгресната бура само ќе чекаат поволни резултати во нотификациите на секоја партија, а оние како нас, ќе се борат до последниот борец за формирање на конгрес.
Она што е сигурно дека едни од најголемите пресвртници во новиот свет секој месец се случуваат пред конгресните избори, кога и покрај окупацијата секоја земја ќе го даде и последниот здив и борец за да ослободи еден град, еден регион, еден конгрес...Конгресмените ќе се менуваат, партиите ќе се „растурат“, но едно е сигурно, правите патриоти остануваат!


еМакедонска Газета ве води во кратка анализа на пре-изборниот циклус во новиот свет.




ЗА НОВА ГОДИНА, СЕ ГЛЕДАМЕ ВО КОНГРЕС!





Македонската ситуација е иако деликатна, како фаворити за мнозинство во конгресот се јавуваат ТМОРО, Обединета еМакедонија и Македонското национално движење, но сепак не смеат да се изостават партиите како Револуционерната партија, ВМРО, МОУП и младите партии кои што својата свежа крв ќе се потрудат да ја пренесат и на конгресните фотељи. Македонија ќе го добие својот конгрес по подолго време, како резултат на успешните политики и неготации на нашата влада, стручниот тим, и нормално, Македонскиот род во новиот свет. Со успешна политика успеавме да се избориме за конгресните фотељи, па, иако активен и бурен овој месец се покажа како еден од подобрите во ова време... Нова година со конгрес!

ТЕРОРИСТИЧКАТА ПАРТИЈА ЕДНА ОД ГЛАВНИТЕ ПРЕТЕНДЕНТИ ЗА КОНГРЕСНИ МЕСТА!

Ситуацијата кај нашите соседи и поранешни окупатори е повеќе од јасна, иако секое изненадување нема да биде прв а ни последен случај на изборите. Како главни претенденти се јавуваат Грчката независна и Хеленските терористи, што најверојатно и го опишува нивното дејствување во новиот свет, тероризмот. Грчката независна и Хеленските терористи имаат 272 односно 174 активни членови. Исто така не смее да се занемари ни фактот дека уште петтина партии имаат членство поголемо од сто активисти.

ПОСЛЕДЕН БОРЕЦ - ЗА КОНГРЕС!

Во Софија се повеќе расте напнатоста помеѓу партиите и желбата за целосна независност. Последниов месец Бугарија беше преангажирана во повеќе ослободителни војни против Букурешкиот окупатор, па нашиот близок пријател успеа да ги ослободи улиците на Пловдив, Варна, Бургас и Софија, како и на Русе од страна на Белградскиот окупатор. Последниов месец иако се играа многу тактички игри околу териториите на Бугарија од страна на сојузниците, бугарската желба за независност преовладеа и успеаа да ослободат повеќе региони. Како главни претенденти во Бугарскиот изборен театар се јавуваат најголемата партија односно Гласот на Бугарија, Бугарската демократска и Кеарбеарс партија кој далеку ги надминуваат сите претходни.

САМО СРБИЈА - ФАВОРИТ ЗА ОСВОЈУВАЊЕ МНОЗИНСТВО!

Официјален Белград ја зајакнува својата положба како моќна држава на Европскиот театар. Со падот на Полска, Белград ја искористи односот на европските сили па со интензивни војни кои беа и донекаде исцрпувачки за српскиот војник успеа да ја превзее територијата на пола Европа, поранешните Полски колонии. Иако четири територии немаат никаква повржаност со Белград, повеќе од јасно е дека големата држава која што го обезбеди својот статус потпишувајќи неагресивен пакт со Хрватите успеа да го отвори патот кон Европа а со тоа да ја обезбеди својата оригинална територија уште подолго време.Само Србија со огромно членство е еден од фаворитите за освојување на мнозинството.

СОЈУЗНИКОТ ВО ИЗВЕСНА И ЈАСНА СИТУАЦИЈА!

Ситуацијата во Чиле е извесна дека како најголем претендент за освојување на мнозинството на конгресните седишта е Националната републиканска партија на Чиле. Чиле веќе подолго време се наметнува како силен претендент за освојување на Азискиот театар на новиот свет.

СЕВЕРОТ СО ВОДСТВО НА КОМУНИСТИТЕ!

Москва иако подолго време е во непрестани војни со ослободувачките сили на Шведска и Белорусија, истата успеа да потпише неколку значајни договори и да обезбеи добра положба со земјите на Азискиот театар, па единствена грижа и остануваат Скандинавија и Белорусија. Комунистичката партија ги надминува сите свои ривали со бројот на активисти и членови. Ќе се врати ли комузмот на конгресните места?

ИМПЕРИЈАЛНА ПАРТИЈА - ЗА ИМПЕРИЈАЛИСТИЧКА ПОЛСКА!

Империјалната партија на Полска е сигурно еден од најголемите избори за Полскиот граѓанин. Империјалната политика на Полска во повеќе наврати беше оспорувана како погрешна по што секогаш мораше да се повлекува наназад кога ќе достигне критично ниво. Но, Полска последниве денови покажа каков е правиот пример за потрошување на последниот борец и ослободување на улиците на Варшава од силите на Буенос Аирес и обезбедување конгресни избори односно конгрес.





Но, никогаш не треба да се гледаат информациите пластично, па така нам би ни било мило доколку секоја млада партија со својата свежа крв и млада организација успее да приреди вистинско изненадување на предновогодишните конгресни избори? Се надеваме дека барем секоја држава ќе може да ја дочека новата година на конгресните места, со исклучок на терористите и државите со погрешно водена политика.

Тоа беше изборот на еМакедонска Газета, довидување!