Совет за новите играчи со под 30 енергија!!!

Day 1,067, 13:35 Published in North Macedonia North Macedonia by Martin Tashkoski

Прво сакам да им посакам добредојде на сите нови играчи и да им заблагодарам на тие што останаа да играат и понатаму.

Повеќето играчи понесени од фактот дека можат да се борат против грците не знаејќи дека за тоа сеуште е рано се испотепаа и останаа на многу малку енергија. Колку што се можеше се помогна на скоро сите да ја повратат енергијата со донирање од Македонскиот Црвен Крст и некои успеаа да се повратат. Но имаше и такви што ја злоупотребуваа таа помош.

Да не го тупам многу статијава е за сите нови играчи со под 30 енергија. Наместо да чекате лебови од црвен крст за да повратите малку енергија и да стигнете пак до 30, вежбајте секој ден но не јадете и остајте го човекот да умре. После тоа има опција да го оживеете со тоа што ќе се вратите на 50 енергија. Во тој случај со лебови од црвен крст да ја кренете енергијата на повисоко ниво и да можете без проблем да работите во компанијата и да просперирате побрзо од сегашната состојба.

Другата опција е да го оставите овој акаунт воопсто да не го пуштате без разлика што сте стигнале до 8-9 левел и да направите нов со тоа што тој профил ќе го водите разумно. Да напоменам дека со 90 енергија имате повеќе продуктивност во компанијата што значи добивате повеќе поени за да кренете повисок економски скил. Исто важи и за тренирањето во војската.

И третата опција е да останете со истиот профил и да се помачите со малку енергија да работите и да тренирате т.е. споро ќе просперирате.

Ваше е да одлучите 🙂

Поздрав
Мартин Ташкоски

Vote & Subscribe!