Министерство за Информирање - Сработено (Февруари-Март 2011)

Day 1,201, 12:04 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje


Добро вечер, еМакедонци.


Како што повеќето знаете овој период беше исклучително тежок, дали поради војната со Бугарија, дали поради претседателскиот мандат на Струмјанин кој се залагаше за штедење... Но сепак нашиот Претседател ја зеде одговорноста во свои раце и реши да ја поправи ситуација. И голем дел од еГраѓаните би се согласиле со нас дека, тој достојно ја изврши својата работа.

Како дел од неговата Влада, беше нашиот тим, составен од DedaNoe, STEFANPIPO, Ungrateful girl, Kikojumkd, Jovicaaa и Borce MKD, како тим од Министерството за Информирање. Од создавањето на еМакедонија, Министерството за Информирање беше најзапуштеното Министерство во еМакедонија, но ние се нашиот тим се надеваме дека работата за која бевме задолжени успешно ја завршивме и го промовиравме ова министерство како едно од најважните столбови за известување на еМакедонците.

Откако во првиот мандат во почетокот 2011 година, кога на чело на еМакедонија беше Драш III Македонски, имаше многу контроверзии, околу евентуалното крадење пари и неконтролираното одлевање на пари од држвниот буџет, неговиот наследникот, т.е. сегашниот претседател, Струмјанин, реши секое Министерство на крајот од мандатот да достави отчет за потрошените пари. Тоа не се однесуваше на ова Министерство, затоа што во ова ниту се даваат, ниту се земаат пари, но сепак нашиот тим беше должен да даде отчет за сработеното во овој месец.

Тоа ќе го направиме преку објаснување за сработеното на секоја од поставените цели за ова инистерство.




Отчет за сработеното во изминатиот мандат на Министерството за Информирање:





1. Топ 10 статии на неделата


Овој проект ни беше тотално промашен и овде го направивме најголемиот пропуст за овој мандат. Ова беше поради тоа што не објавивме ниту една единствена статија од овој вид. Тоа се должеше на немарноста на назначените помошници за овој оддел, но не сакаме да обвинуваме. Признаваме дека ова беше најголемата грешка и пропуст во овој мандат.


2. Јавна дебата

Исто како и претходната задача и оваа не беше исполнета, но најголем виновник за тоа е што имаше мала заинтресираност за “Прашања и одговори за претседателот“, а и за да се одговори на сите тие предлози, се покажа дека одзема многу време, кое е драгоцено во еден вака тежок мандат. Па поради овие две причини решивме да не организираме ваквви "Јавни Дебата".


3. Прашања до и одговори од претседателот

Ова е првата исполнета задача за овој мандат. За жал оваа акција беше спроведена само еднаш, а одговорите беа задоцнети, од проста причина која ја пишавме погоре.



4. Претседателски обраќања

Оваа задача беше наменета за Претседателот, и тој ја изврши оваа задача пефектно, затоа што тој го направи тоа повеќе пати, за време на војната со Бугарија, за задачите и сработеното во одреден период и за договорот за предавање на регион од Србија, која воедно беше и најгласаната статија од ова Министерство со добиени 982 гласа.



5. Анкети


За време на овој мандат беше спроведена една анкета и тоа на самиот почеток, во врска со мислењето на граѓаните за програмата на ова Министерство.


6. Известувања од странство


Ова не беше дел од првичниот план на ова Министерство, но сепак беше една од најдобро сработените задачи, затоа што беа објавени околу 5-6 вакви соопштенија. Оваа прилика ја користам да му се заблагодарам на Jovicaa, кој одлично ја заврши оваа работа.



7. Добивање на нови 800 нови претплатници на Министерскиот весник

Ова е една од најдобрите работи затоа што работата на ова Минисерство се заснова на објавување на статии преку сопствениот весник. Добивањето на нови 800 претплатници со објавените 17 статии за 28 дневниот мандат е голема заслуга, затоа што многу од граѓаните не беа доволно информирани во изминатиот период, а со ова поголеми се можностите за влегување на статиите од ова Минисерство во ТОП 5, за потоа тие да бидат читани од новите играчи.



Тука доаѓа една лоша вест, затоа што во новата влада, PhoenixMK, одбил да има втор мандат во Министерството за Образование, па поради тоа STEFANPIPO
беше назначен на негово место, а воедно беше и отстранет од овој тим. Што се однесува до идните планови на ова минисерство за тоа ќе добиете известување преку весникот, а додека плановите на STEFANPIPO, како Министер за Образование, ќе ги порчитате во весникот за Образование.



Овој месец беше навистина тежок, но се надеваме дека нашиот тим ја изврши работата за кој беше задолжен.

Овој месец помина многу брзо, некогаш се дружевме, но многу повеќе работевме, и ќе продолжиме понатаму со ист чекор


За крај дозволете да ја искористам оваа прилика да објавам оглас за нови помошници во Министерството за Информирање, сите апликации праќајте ги на DedaNoe - од кои ќе изберам 3ца (услов кој треба да го исполнувате е да имате весник со поголем број на претплати - што е еден вид гарант за тоа дека сте посветени на играва)



Искрено ваши, Тим на Министерство за Информирање



Други Државни институции:

Народна Банка на Македонија
Министерство за Економија
Министерство за Образование
Министерство за Одбрана
Министерство за Здравство
Македонски црвен крст