Субвенции за селење на фирмите + туторијал за нов холдинг

Day 4,517, 10:53 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Добар ден Македонци,

Неколку дена пројдоа откако се промени данокот. Денес се затвори војната со Молдавија, па така таму можете да работите со 100% бонуси за храна.
Оние кои што имате фирми во Повардарие или Западна Македонија ќе треба да ги преселите фирмите во Источна за да имате 100% бонуси. Ќе објаснам како да отворите нов холдинг:
1) Се селите во Источна Македонија, Молдавија!
2) Откако ќе се преселите имате опција да направите нов Холдинг и тоа чини околу 15 000 денари доколку имате само 1 друг холдинг.




Секој кој што сака да направи холдинг во Источна Македонија нека се јави во коментар, да му бидат вратени парите!





Откако ќе отворите нов холдинг, треба да ги преселите фирмите:
1) Со број еден е означена опција од админите да ги селектирате сите фирми одеднаш, но можете да ги селите и една по една, т.е да селите фирми по желба.
Препорака: Селете ги само фирмите со храна, поради тоа што немаме бонуси за оружје! Доколку имате тенкари, тие треба или да се срушат или да се преселат во холдинг кој има 100% бонуси за оружје(најблизок пријателски регион Semnan, Иран)
2) Одберете во кој холдинг сакате да ги преселите фирмите.
Доколку имате повеќе холдинзи внимавајте каде ќе ги преселите фирмите, зошто ако згрешите ќе треба да плаќате одново!
3) Во коментар пишете колку пари ви одзело за селењето за да ви биде исплатено. Се плаќа само за селење на фирми во Источна Македонија!






Уште еднаш ќе објаснам како да се пополни формуларот:




Во делот кај скриншот од данокот треба да ставите слика како оваа:





1) За оние кои што играте од телефон, најдобро е да инсталирате телеграм и таму директно да го постирате скриншотот.

2) Оние кои што не сакаат да инсталираат телеграм, во делот за скриншот внесете го рачно целиот текст од Work Tax
пример: 1169.47 MKD paid to Republic of Macedonia, 210.52 MKD paid to Republic of Moldova
Оваа опција не е препорачлива, меѓутоа доколку до толку е проблем да се инсталира Телеграм или да се прикачува скриншот, користете ја.

3) Внесувајте дневно поради полесна евиденција, се исплаќа дневно кога се има слободно време. За овие неколку денови доколку не сте знаеле за формуларот, имате извештаи од последните неколку денови во истиот таб(види сликата погоре од лева страна се извештаите од претходните денови). Внесете ги скриншотите одеднаш, во еден формулар, не пополнувајте повеќе пати!





Накратко тоа е тоа за статијава. Гледаме дека во банка деновиве има огромен прилив на пари, просекот за последниве 3 дена е околу 1,5 милиони денари дневно. Не сум ги погледнал извештаите меѓутоа со оглед на тоа дека не можеше да се работи во Источна Македонија, најголем дел од парите се од странски фирми. Има региони кои кога ги држиме, приливот ќе оди многу високо, меѓутоа не ги држиме секојдневно, па приливот варира. Ширете ја статијата низ ѕидовите на партиите и воените единици со цел се повеќе Македонски играчи да си ги добијат назад парите.

Засега сеуште не е одлучено што ќе се прави со средствата, меѓутоа најверојатно поголем дел ќе се користат за субвенционирање на играчи со пакети. Дел се користат за КО, кое што би требало да биде почесто во наредниот период, во зависност од војните.

Околу парите од медалите "вистински патриот" сеуште ништо не е одлучено, меѓутоа најверојатно ќе се направи формулар да се враќаат пари неделно, или преку порака, поради тоа што најголем број од тенковите се откажаа од повратот, со цел сите еднакво да придонесуваат за нови пакеташи.

За крај, дојдете на Телеграм каналот на еМакедонија за дружба, совети, помош

Линк до Телеграм каналот на еМакедонија:
https://t.me/joinchat/GU6-bxc8_PaHpsHuEoTqIw

Се читаме во нова статија за неколку денови

Со почит,
Влада на еМакедонија