Јужњачки маки јуначки [МЗИ]

Day 3,423, 02:33 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje


Здраво на сите жители на МАКЕДОНСКАТА ИМПЕРИЈА.

Не знам дали е до времето, климата ли што ќе да е, ама што и правиме го правиме во јужни предели, вечна борба со југот на Балкан, па како амајлија за добар успех повторно најдовме југ, овој пат Јужна Америка.

Би сакал да напрам една реконструкција на настаните, на жешкиот и топол југ од Америка месецов.




ЦП избори без фото-финиш не се избори. Такви максимално напнати избори имавме, за жал не беа во права смисла жестоки, поради фактот дека Столе под несреќни околности се најде на листата кандидати и веќе беше предоцна за реакција. И покрај тоа што напоменуваше и шаутираше да не се гласа дека е неактивен, сепак успеа да ја добие трката благодарение на поголем број ХП поени, но на крајот ја разрешивме ситуацијата за доброто на државата.




Нашите подготовки за летање во Аргентина беа афектни, не дека ние не го планиравме тоа претходно, но во тој период набрзина ни го наполнаа АСто и летнавме и еве не ден денес таму. Сакам да искажам посебна импресионираност од Литванија и нивната жестока желба за борба и успех да се справуваат на 4 фронта, додека ние да стигнеме таму па да им затвориме некој фронт да можат да здивнат.
Таму за прв пат се соочивме со Уругвај. Тие во желба да им помогнат на Аргентина која имаше план да не блокираат нас, на крајот го извлекоа подебелиот крај, па беа избришани од наша страна. Нивната влада културно не замоли да ги ослободиме, со дадено ветување дека нема да не нападнат. Си стојат на зборот, и затоа таквата одлука е правилна, фронт помалку.




Кога сме веќе кај правилни одлуки сакам да напоменам дека на Ирска исто така им беше оставен простор за конгрес и рушење на диктатурата по што како што можете денес да видите се враќаме на старо т.е. ги бришиме. Сеуште е отворена опцијата за тренинг војна, но ќе видиме какво ќе е расположението на новите претседатели.




За жал, имавме и една лоша одлука и проценка во врска со диктаторството. Како што напоменаа админите, доколку нема пари во трезор, диктаторството само ќе се повлече без да има потреба да се плаќаат пари за револуција. Тоа и го направивме ги повлековме парите од трезор, НО, како и секогаш во последен момент, ПОТАЈНО ги менуваат правилата па така останавме во расчекор да мора да бараме спонзор за револуција. Беа прашани командирите на активните единици дали има некој што сака медал, по нивното негирање се свртевме кон надвор. Најдовме играч и ја завршивме успешно работата повторно со користење на дупка во системот, наш командир крева револуција со парите на странецот, па му предава палка.




Би сакал да искажам посебно задоволство, што владиниот дискорд проект е прифатен на општо задоволство и фунцкионира во рамките на планираното.

Продолжете да не следите тука: Линк до каналот: https://discord.gg/ebygcmF




Операцијата во Јужна Америка продолжува. Убаво ни е, чувствуваме топлина на свој дом. Исцрпувачки месец за сите нас кои жестоко се боревме и сеуште ќе продолжиме да се бориме за опстанок во Аргентина, без Бугарија, но моментално со Германија.

Дополнителна мотивација за борба дава вчерашната објавена официјална капитулација од Бразил, кој како што се наведува во статијата (тука), не може повеќе да се бори за својата слобода поради тоа што секојпат кога да се ослободат од еден непријател доаѓа друг. Е така е народе, имаме пријатели кои безрезервно не поддржуваат и се спремни да ни се приклучат активно не само преку МПП, додека нивните пријатели си одмараат. Нека одмараат ние не се замараме со нив.

Во секој случај треба да ја земеме со резерва статијата, поради психолошка и тактичка причина каде не смееме да се опуштиме па да бидеме лесен плен. Нашата цел и овој месец ќе е одржување на териториите во Аргентина со максимална посветеност и концентрација, се разбира во границите на можнистите.




Благодарност до сите кои се бореа и ќе се борат за Македонија во перидот кој следи. Ќе биде пеколно, допрва почнува вистинската битка. Се надевам на ваша дисциплина и максимална посветеност како би го задржале или барем скапо да ја платиме кожата за она што го градевме изминатите месеци.

До следно читање останете со здравје.

Министер за Информирање

akconel