Интересни факти за водата

Day 3,195, 22:09 Published in North Macedonia North Macedonia by Macedonian brah

1. Во една лажичка вода има исто толку молекули колку што има лажички вода во Атлантскиот Океан...

2. Атлантскиот Океан сочинува 23% од вкупната површина покриена со морска вода, а Тихиот Океан дури 48%.

3. Бизоните не можат да потонат никако колку и да се тешки. Нивната глава, грб и опашка секогаш остануваат над површината на водата.

4. Едно од чудата кое во 16-ти век довело до канонизација на Света Бриџита од Ирска е нејзината способност од својата вода за бањање да направи пиво за свештениците.

5. 'Water Pump', 'Dead Fish' и 'All American' се имиња за три основни стилови за ракување.

6. Светската уметничка Анн-Кристин Антман во 1996 дизајнирала анорак (ветровка со капуљача) од кожа од лосос која откако била потопена во човечка урина станала потполно отпорна на вода.

7. ...“Тоа е метода која во Шведска ја користеле уште во камено време“, појаснила подоцна Анн Кристин. “Смрдеата исчезнува штом ја исперете кожата во вода“.

8. За време на прославата за Нова Година во Камбоџа е забрането користење пиштоли на вода.

9. Според Оксфордскиот речник глаголот “to leep“ значи да исперете нешто со кравји измет и вода.

10. Истражувањата покажале дека златните рипки подобро помнат ако се во ладна, а не во топла вода.