Нов турнир

Day 2,309, 13:25 Published in North Macedonia North Macedonia by YoYo.M

Почитувани,

како што можеби видовте ќе имаме нов турнир

https://forum.erepublik.com/index.php?/topic/2512-national-shield-2/

Ако добро прочитавте тоа не е турнир на МУ, него на нации така што нема мерење на краставици 🙂

Интересно е што за овој турнир штетата се брои во проценти од онаа што ќе ја одреди Плато, тоа значи дека секоја земја има исти потенцијал да стигне погоре.

Во оваа прилика имаме кратко време да одлучиме 2 работи:

1. Дали ќе одиме со личните достигнувања?
2. Дали ќе одиме со достигнувањата за земјата?

Двете не можеме да ги постигнеме.

Ако се одлучиме за првото, секој си тера како знае и умее, тука нема некоја филозофија.
Ако се одлучиме за второто, ќе значи дека тие што се во МКД (со МКД државјанство) ќе треба да се „убијат“ од тенкање деновиве. Тоа значи ќе им требаат тенкови и храна, можеби нешто голд - сите што сме во странство ќе треба да тргнеме нешто на страна.

Во првата опција секој лично ќе добие она што ќе заслужи, во втората ќе добие државата.

Знам дека е доцна ама секогаш сме знаеле да се организираме во 5 за 12 🙂
Па ајде да видиме што мислите вие.
Можете да го искажете своето мислење со анкетава - http://strawpoll.me/1335526

Со почит,
Prime Lords