Грчката тактика

Day 2,229, 05:07 Published in North Macedonia North Macedonia by Stoilkovski Darko

Јас сум играч со бајаги стаж само што се активирам сезонски(кога ќе залади), и сакам да споделам нешто што забележав во играва. Грците имаат тактика на освојување на околни територии и задржување до следните конгресменски избори, се со цел да добијат повеќе конгресменски места а со тоа и повеќе злато. Е сега најверојатно тоа злато го донираат и арчат во следните битки за да го повторат истиов циклус.
Муабетов ми е зошто истово не се примени и кај нас, јас на пример испукав 30-40 чоколадца во нашиве востанија без оружје. По некои мои пресметки q4 оружјето го пружа оптимумот во однос на цена и квалитет.
Значи грциве моментално избројав дека имаат 41 конгресмен, по 5 злато тоа е 205 златници. Ова е повеќе од доволно да се обезбеди храна и оружје за за оние кои во моментот немаат, со цел зачувување на териториите и освојување нови исто така пред конгресменските избори.
Сеа за оние што ќе помислат па зошто да ги давам моите 5 злато, затоа што на тој начин се сите добиваме повеќе кога имаме територии паѓаат цените и се зголемува производството на нашите фирми.
Втора идеја е размена на територии со соседна пријателска држава. Тоа е добро заради новиот медал, односно пуштаме да ни освојат територија и они исто пуштаат. И после ни дозволуваат да си ја вратиме и ние истото го правиме