МАКЕДОНИЈА НЕ ЗАБОРАВА !!

Day 2,090, 04:02 Published in Japan North Macedonia by GG.Neno

100 години од историската неправда врз Македонскиот народ! На денешен ден, 10.08.1913-та година во Букурешт е потпишан мировен договор, со важност од 100 години, со кој Историскиот регион Македонија е поделен помеѓу соседите на Македонија. "Колачот" со име Македонија тогаш зафаќала површина од 67.741,2 км2.
Со Букурешкиот мировен договор, Македонија била поделена на тој начин што:
Егејскиот дел, со површина од 34.356 км2 го окупирала Грција,
Вардарскиот дел со површина од 25.342 км2 го окупирала Србија,
Пиринскиот дел со 6.798 км2 ја окупирала Бугарија и
Јужниот брег од Охридското езеро - Мала Преспа со 1.115 км2 и бил доделен на Албанија.
ОВОЈ ДОГОВОР ОД ДЕНЕС ПРЕСТАНУВА ДА ВАЖИ !!


На 2 Август, 1944г. со првото заседание на АСНОМ и особено по завршувањето на Втората Светска Војна 1945-та, Македонија де-факто го враќа суверенитетот врз Вардарскиот дел, и како рамноправна република станува составен дел на СФРЈ. Само Р.Србија од сите соседи на Македонија може од тогаш себеси да се нарече пријател на Македонија затоа што врати тоа што не е нејзино, 42.400 км2 се сеуште под окупација на т.н. соседи пријатели, кои за да го оправдаат историскиот геноцид врз Македонскиот народ сеуште не не признаваат. Источниот сосед Бугарија не го признава Македонскиот јазик и народ, велејќи дека се Бугарски, Јужниот сосед не го признава името на нашата држава, а Западниот сосед Албанија кој во нашата Македонија има малцинство од 20% иако ни глуми добар сосед, зачудувачки сеуште не нема признаено под уставното име, а во туѓа земја бараат права на автохтоност...Македонските политичари сеуште не го отвориле прашањето на Албанското непризнавање на нашата држава под уставното име, туку се соучесници на Македонскиот геноцид со нивната индолентност и немањето визија, и нереципрочното давање на делови од суверенитетот, давање на нешто што не е нивно да даваат, без притоа да се грижат за Македонското малцинство во Албанија да ги има истите права! Ќе дојде денот кога предавниците ќе одговараат за своите дела, Македонија не простува!!!


МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА И ОБЕДИНЕТА