Македонскиот менталитет и последиците од него

Day 1,632, 05:01 Published in Spain France by Princess Emily

Секој народ уште од дамнешни времиња има свои обележја, најистакнати карактеристики на припадниците на специфична нација, кои со текот на времето оставале најголем впечаток во очите на останатите. Тие особини се провлекувале долго време низ историјата, за денес да добијат една современа форма која ќе генерализира една нација. Генерализирањето е навистина невкусно, особено на негативен начин, бидејќи секогаш постојат исклучоци.

За жал, тоа што нас, Македонците, секогаш не одликувало е нашиот специфичен менталитет. За неговото обликување, за тој денес да ја добие моменталната форма, не можеме да се обвинуваме само себеси, туку и надворешните фактори кои влијаеле врз животите на нашите предци на овие простори. Сепак, тоа не е оправдување за тоа што ние Македонците можевме да бидеме, а не сме, бидејќи со само малку поотворен поглед, можевме да направиме чуда за благосостојбата во нашата држава. И сеуште можеме, но не сега. Најпрво треба да почнеме да се почитуваме себеси, да ги надминеме предрасудите и да почнеме да се почитуваме меѓусебе како нација, како сестри и браќа кои една држава ја прават токму тоа што е.

Кога во вистинскиот свет нашата држава не ја водат исклучоците од негативната генерализација, можевме барем овде, во витруелниот, кој сами го креираме, да пробаме како тоа би изгледало. Наместо да ги поддржуваме најдобрите и најистакнатите, ние, Македонците, само ги демотивираме и им го правиме престојот овде неподнослив. Ова е сеуште игра, не заборавајте, и никој не троши време за да биде навредуван, омаловажуван или неценет. Размислете малку, сите сме луѓе, со свои чувства, и со вашите постапки вие не повредувате профил, туку вистинска личност, со вистински чувства. За жал, играчите се повеќе го забораваат тоа. Не велам дека во другите земји е совршено, но свеста и почитта од човек кон човек е на повисоко ниво од нашата, и тоа е факт.

Многу играчи си заминаа од еМакедонија, уште повеќе и ќе си заминат. Не сите си заминавме поради безвредни виртуелни ресурси, колку и да сакате да верувате во тоа...

Ретко кој не го познава Voix of Macedonia, еден од ретките кои навистина ја заслужуваат сета почит. Тој се обиде да се спротистави со вас, и се предаде. И после се што има направено за сите нас, единствено што тој доби се навреди од страна на неговите сонародници, наместо благодарност и обид да се утврдат причините за заминувањето.
Му ја искажувам мојата поддршка, бидејќи го разбирам, истото ми се случуваше пред одредено време.
Од главата си патиме...

Кога љубовта кон нашата татковина не може да не спои, тогаш ништо не може...