Голема концентрација на еМакедонци на 1 метар2=Катастрофа

Day 2,044, 14:58 Published in North Macedonia North Macedonia by TomiDam

Ајде да речеме дека и после две и кусур години играње не сум многу релевантен да давам свое мислење за состојбите во еДржавата бидејќи и не бев најактивен последниве месеци, ама да си кажам јас што ми лежи на душата.
Последниве месеци не бев многу активен, ама не ми е јасно како успеавме од многу еСојузници да создадеме толку еНепријатели?
До толку ли сме безкичмењаци и идиоти сите држави со кои немаме МПП да ги прогласиме за еНепријатели?
Успеавме со еСрбите да се скараме? Дозволивме да се доближат со еГрција и еТурција? Мора(в)ме ли да ги спамаме за Косово? Се палиме на едно ФИРОМ? Затоа се скаравме со еПолска. До толку ли не боли како не викаат? Имаме криза со идентитетот па се палиме како мајмуни? Абе како сакаат нека не викаат.
За жал дозволивме никој да не рачуна на нас како на сојузник. Сите знаат како да не потпалат, или барем како да ги потпалат децата меѓу нас. До толку ли нема некој меѓу овие 500, 1000, 2000 активни играчи или колку и да се/сме со малце осет за дипломатија?
Сите кои се со краток фитиљ подобро ќе биде да се одлогираат од играва трајно и да не остават да си играме, и онака е само игра. Доста досаѓате и и глумите виртуелни патриоти, не можам да ве трпам веќе. Мислам дека имаме најголема концентрација на серковци на метар квадратен во цел еСвет.
И за крај читам бејби бум или не знам што. Па ние не можеме да донесеме доволно играчи да им ги поделиме јаките профили што не се играат веќе, не па да создадеме некоја бројност. Само се занесуваме, и тоа на лево.
И мое мислење за АС на Пакистан... грешка, ама барем пробавме.