Вистинска македонска партија

Day 1,525, 01:31 Published in North Macedonia North Macedonia by vodnicka77


Почитувани Е-Македонци!!!

Особена чест и задоволство ми е да ви ја преставам нашата партија.

Обединети македонски патриоти

линк до партијата ТУКА

Ние не сме американци и не глумиме ние сме вистински Македонци и нашето име e Македонско.


Пред се сакам да истакнам дека на е-македонија и е потребна нова енергија и нови сили кои не можат да дојдат во израз од мометалните политичко партиски мрежи. Со други зборови едни те исти се вртат , и профитираат од нас членовите и истите ние сме искористени како нивна основна алатка и гласачка машинерија.
Но, дојде времето каде авангардата на политичкото миље не е веке така глува. Потребни се нови сили и нови играчи кои сум сигурна дека постојат и во кои исто така сум сигурна дека лежи огормен потенцијал , кој можат да го понудат на е-македонија. Доста беше играње со политиката на е-македонија и доста беше испраќање на неискусни кадри особено во дипломатијата.

Нашата партија е едноставно различна од сите други. Една и едниствена цел на истата е дека нема ШЕФ кој ќе каже што може и што не може. Преговорите, и се што ќе се одвива внатре во партија ќе биде на основа на консензус. Секој член ќе биде третиран подеднакво, и што е најважно од се секој ќе биде кандидиран за конгресмен секако доколу истото го посакува. Значи секој заслужува шанса, а ние како партија сме спремни тоа да го понудиме.

Затоа еден огромен апел и повик до сите партии на е македонското тло, кои постојано се борат да стигнат скала погоре или во првите 5 партии , а никако не можат тоа да го сторат еве ја Вашата шанса. Шансата на македонецот да се обедини. Шансата што и треба на е-македонија исто така да се сплотиме сите заедно.

Сите заинтересирани партии за коалицирање можат слободно да не исконтактираат на официјалниот канал на партијата. #OMP



Да живее е-Македонија сплотена . Секогаш во срце.


За Шаут
Вистинска македонска партија
http://www.erepublik.com/en/article/-1-1951893/1/20