Четирите Мускетари [Аврамовски]

Day 1,473, 06:12 Published in North Macedonia North Macedonia by TomiDam

Почитувани читатели!

Ден 1 Декември 2011 или 1472 ден во еСветот. Започна битката за ослободување на повардарието кое е под окупација на јужните. Резултатот е 2-0, третата ја губиме a Magimaster како и секогаш присутен 24/7 бара армија за да се добие мини-битката, но попусто, армијата фали, и како не би, 1 саат по полноќ е.
По некое време, веќе сигурно беше дека ја губиме па така некој инаетливо и наивно реши да застане и да ја добие четвртата да не дозволи јужните да изедначат.
Така јас, Душко Аврамовски, реков Шо ги е*ам че ги пукам(јака комична статија која после 1 саат ја видов хахаах) и решив да го соберам секој кој е спремен да троши залиха. Додека ние се припремавме во меѓувреме интезивно се трошеше фалангата, кој како доаѓаше му беа доделувани тенкови но попусто. Во тој хаос за подобро распределување и организација на играчите, настана каналот #bazooka. Таму ги прибирав сите кои имаа да трошат залихи, спремни, по цена на нивните БХ медали и 5 златника. БХ медалот, медал кој сите во Македонија го сакаат и за него чуваат зимница, и тоа не е лошо и нималку ѓи обвинувам, лошо е што настанува меѓусебна трка за него и непотребно трошење штета! Не е лошо затоа што во вакви моменти, кога ќе се собере премногу, со доза на мотив, голем инает (како мене пример) и се тоа се нанесе на едно место може да биде со разорна моќ!!! Така на каналот горе наведен се пријавија можеби 10 души а од нив останаа само четворица кои беа спремни да нанесат штета поголема од 1 милион.


Така останавме Tomidam, јас Dushko Avramovski, Hristijan Mitevski i Saphan, секој спремен да мавне најмалку милион. Силата ни беше околу 7 милиона.

Третата мини-битка веќе беше во истек а ние спремавме огномет за јужните во четвртата! Веќе се броеа и секундите! Сите беа на своите позиции, битката започна а со неа и првите секунди почнаа да го одбројуваат времето на четвртата! И она што јас го напишав во мојата кандидатура, дека побитно е да имаме 3 милиони штета во 10 секунди отколку 30 милиона штета во саат-ипол и те како искочи како огромен успех! Успеавме да направиме 3 милиона во нецела минута само ние четворица осамени мускетари кој и сепак не е којзнае колку, можевме многу повеќе, но не беше потребно! Ѕидот како и да е отиде во Занзибар или неповрат, поконкретно на индиско море(69%, и им беа потребни инфлуенс повеќе за да го намалат ѕидот на 58%, тоа е и максимумот на кој се спуштија). Откако увидовме дека ѕидот е таму каде што е, рековме СТОП, ДОСТА Е!

Сликата беше ваква...



Рековме, да оставиме време да видиме дали ќе се јават грците! Арно ама, колку и да маваа, еден сега, друг по 15мин штетата која ние ја имавме направено во тој момент, во нецела минута беше недостижна, поените се куцаа, и Ромпер да дојдеше после 1 саат, можеби едвај ќе имаше неизвеснот на самиот крај! Иако во ТОП 5 кај нив оној првиот имаше повеќе од мене што не значи ништо освен тоа дека и они мавале, изгледаше вака....



Скршени демотивирани и уништени од старт им порачавме, оваа ја губите! Е потоа остаивме на нив дали ќе се кренеа пак или не!
Ова го пишувам затоа што порачувам дека треба вака да се однесуваме! Инаетливо и со голем мотив! А има ли поголем од борбата против Грција? Ако е така, каде сте Македонци? Залихите на грб и по нивна глава!
Ѕидот беше на 68% однесен со само 3 милиона во првата минута од 4ца инаетливи момци Македонијо! Е да беа они како нас можеби ке имаа некакви шанси! Ама не се такви! Плато им даде попусти, имаа, голд купуваа и трошеа! Јаки биле! Не се они јаки нас ни фали организација! Ако можевме ние 4ца што ќе биде со 10 души? Што ќе биде со 100? А не ми викајте дека неаме 100 луѓе кои чувале зимници 😉
Некој ми рече немало тенкови од нивна страна, а да го прашам ја него, имаше ли тенкови на наша страна?

Битно ја добивме, а ние сеуште имаме доволно залихи за некоја друга битка!

Ова утро пак, рано наутро кога се приклучив на каналот му пишав на Tomidam да му соопштам дека од добиеното злато сите оние кои беа во ТОП 5 ке добијат по 1000мкд, 1 златник - 1000 мкд. И Томи својствено на голем играч ми вели:
Дај ги парите на Горан...

Тогаш увидовме и дека некој друг кој не беше демон маваше заедно со нас што би се рекло рамо до рамо. Томи во таа чест се откажа од неговите 1000мкд бонус, од нив ке се откажам и ја и секоја чест на Горан кој без наш повик маваше, можеби планирал БХ а ние му го земавме бранејќи го регионот и притоа не кажа ни збор, за разлика од многуте. 2000мкд јас ке му ги донирам на "GoranM12" веднаш по објавувањето на оваа статија. А другите два демона ќе можат тоа да го сторат самите. Не се многу, не е медал, но е доволно да се храни и бори наредните неколку дена!

Текстот го напиша Душко Аврамовски

Душко Аврамовски:
ПС: Текстот го пишував јас бидејќи Томи немаше доволно време а и неќев да го нарушувам мојот по мојата објава за кандидатура на претседателското место, а ова беше една одлична тема за обработка и овековечување на настанот од кој верувам ќе произлезе некоја нова димензија и начин на кој ќе ги добиваме битките! На Томи му посакувам да го добие неговиот прв ММ медал што е можно поскоро! Затоа Ве молам да му помогнеме заедно, претплатете се на неговиот весник и гласајте ја оваа статија. Фала ви


Ваш искрен Душко Аврамовски
За весникот Rekla Kazala


http://img97.imageshack.us/img97/4756/c6550c71dc224c2da363b05.png

posledni zbidnuvanja, samo kamo da imase uste 3-4 da se prijavat