Виц со поука

Day 1,383, 03:03 Published in North Macedonia North Macedonia by vodnicka77
Слушнале животните дека мечката има листа за убивање. Сите се уплашиле. Еленот не можел тоа повеќе да издржи и отишол да ја праша мечката дали е тоа точно.


- Слушам имаш листа за убивање.

- Имам.

- Дали сум јас на таа листа?

- Да.

Утредента го наоѓаат еленот мртов. Втор се осмелил волкот да отиде и да ја праша мечката.

- Слушам имаш листа за убивање.

- Имам.

- Дали сум јас на таа листа?

- Да.

Утредента го наоѓаат волкот мртов. Следниот ден собрал храброст зајакот да отиде кај мечката.

- Еј мечко, дали сум и јас на таа твоја листа?

- Да, зајко.

- А би можела ли да ме избришеш од листата?

- Може, бе зајко!

Поука:

Комуникацијата е сè.