Памет за друг пат!

Day 1,373, 14:59 Published in North Macedonia North Macedonia by Tepame na Kondicija

Според мене овој е најтешкиот период низ кој минува нашата држава од своето додавање , причините за ситуацијата во која се наоѓаме сега не треба да ги бараме во админите , мисиите , медалите.За да бидеме силни надвор , најпрвин треба да си ги решиме проблемите внатре во државата.Еве ги според мене главните причини за внатрешната криза

Рефунд -Тема која секогаш потикнува гнев кај македонскиот народ , пред доаѓањето на Аминта никој жив не знаеше што е тоа рефунд нити се замаравме , но поради алчноста на некои луѓе народот почна да се дели меѓусебе.Зошто таа единица добивала толку , зошто онаа помалку на крај се виде кои паравоени тепаат за Македонија , а кои за рефундот.Иако овој проблем остана нерешен ,најдобро би било според мене да се укине рефундот дали тоа ќе го обедини народот или раздели останува да видиме...

Слабата организација - Иако е лето помалку луѓето се помалку активни се забележува дека никој никого не почитува ,секој мава кај стигне.Главна причина поради која почнавме да ги губиме битките и пред Бугарија и EDEN да почнат да и помагаат на грците е нашата опуштеност поради тенкањето на милиони од страна на нашите тенкови.Штом некој го види Scymex да мава во битката веднаш ја гаси и пишува на пост дојде Scymex спасени сме ..така не се добиваат војни .Никој не ги прашува дали тие имаат или немаат пари за тенкање , дали тие сакаат секоја битка да фрлаат милиони и да не вадат од калта... треба да се запрашаме кога последен пат сме добиле војна или битка без тие да тенкаат милиони.

Никаква Дипломатија - Не можев да најдам подобар збор кој би ја објаснил дипломатијата која ја води нашата влада па затоа пишав никаква.Доказ за тоа колку слаба дипломатија има нашата влада е последниов настан.Договорот за мир со Грција , не знам дали воопшто треба да се објаснува каква дипломатија водиме... после статија на претседателот веднаш му беше пуштен закон за импич.Значи ако сакаме да не почитуваат и пријателските и непријателските држави потребен ни е човек кој нема влакна на јазик , кој ќе се залага за нашата држава , а не само да клима со главата кога ќе му поставуваат услови.

На грешки се учи , овој период треба да не потсетува каде сме згрешиле и што треба да исправиме во нашата држава.

Да Живее Македонија!