Кратка лекција по маркетинг

Day 1,359, 10:16 Published in North Macedonia North Macedonia by vodnicka77

Покрај маркетинг на производи и услуги, маркетингот е и дел од нашето секојдневие. Ова се кратки лекции за да ви биде појасно:


1. Гледаш згодна девојка на забава. И приоѓаш и и велиш „Јас сум фантастичен во кревет“. Тоа е директен маркетинг.

2. Гледаш згодна девојка на забава. Го замолуваш пријателот да отиде кај неа и да и каже: „Мојот пријател е фантастичен во кревет“. Тоа е огласување.

3. Гледаш згодна девојка на забава. Го дознаваш нејзиниот број на телефон, ја бараш утредента и и велиш „Јас сум фантастичен во кревет“. Тоа е телемаркетинг.

4. Гледаш згодна девојка на забава. Таа ти приоѓа и ти вели; „Слушам дека си фантастичен во кревет“. Тоа е препознавање на бренд.

5. Гледаш згодна девојка на забава. И приоѓаш и ја уверуваш да појде дома со твојот пријател. Тоа е трговско застапништво.

6. Твојот пријател не може да ја задоволи девојката и те вика тебе да му помогнеш. Тоа е техничка поддршка.

7. Одиш на забава и помислуваш дека во куќите покрај кои поминуваш на патот кон дома има згодни девојки. Се качуваш на бандера и се дереш на цел глас: „Јас сум фантастичен во кревет“. Тоа е спам.



КАков маркетинг користите Вие ?????