[Анализа]Колку помош добиваме од сојузниците?

Day 1,358, 01:40 Published in North Macedonia North Macedonia by Tepame na Kondicija

Во оваа статија ќе го изоставам Космофон (ОНЕ) и ќе анализирам колку помош добиваме од ПРОоне државите тука спаѓаат сите оние држави кои ни се сојузници а не се членки на ОНЕ.Да напоменам дека ова е мое лично мислење ... да не испадне дека работам против држвата 😃

Словенија

Од оваа држава во минатото понекогаш доаѓаа тенкови маваа за нас и милиони , но односите ни се расипаа кога баравме наша територија за да ги поврзиме регионите во Италија.Се малтертиравме со нив цела недела , а после тој настан буквално човек од Словенија немам видено да удри за нас.Кога би имало референдум според
повеќе од 90% од народот би се изјаснил негативно околу обновување на МПП со Словенија.Кога ние најмногу се мачевме со грците и останатите тие гледаа телевизија и чекаа да дојдат до некој наш регион.Јас мислам дека таков сојузник не ни е потребен.

Турција

Турците ни се повеќе од пријатели тие нам ни се како браќа ,а тоа го имаат докажано безброј пати , последен пат кога во војната со Кипар каде што има голем дел од турско население , турците застанаа на наша страна.Небитно дали се во војна или не тие секогаш ние помагаат , кога би бирал меѓу Шпанија-Полска или Турција ,јас би ја избрал Турција.Еден од малкуте сојузници кои секогаш ќе биде тука кога ни е потребна помош.

Индонезија

Порано доаѓаа кај нас да гонат бх медали беа заедно со нас кога минувавме низ најтешки моменти , но во последно време како да ја снема љубовта меѓу нас и Индонезија.Нашето сојузништво според мене стои само онака како на лист .Иако во секоја статија викаат Хаил Македонија ... на стара слава ништо се прави владата треба да размисли дали од тој сојуз имаме корист и дали вреди да се обнови.

Иран

Што да се каже за Иран во минатото добиваме голема поддршка од нив , сега никаде ги нема .Замалку ќе влезевме во војна со нив за да го заштитиме Египет среќа што имаме добра дипломатија па го затворивме тој фронт.Во се друго се исти случај како Индонезија дали поради голема помош од нив која добивавме во минатото вреди да се обнови МПП ?Одговорот треба да го даде владата.

Црна Гора

Мала држава со големо срце иако имаат мал број на население секогаш спремни да ни помогнат.Добивавме помош од нив во минатото , добиваме и сега.Да не беше Црна Гора ќе останевме заглавени во оргиналните територии , се жртвуваа за нас изгубија региони само за да ние поминеме на Апенинскиот Полуостров и да ги заштитиме од италијанците.Дали ни требаат како сојузници ?Според мене да исто ќе кажам како кај турците.Еден од малкуте сојузници кои секогаш ќе биде тука кога ни е потребна помош.

Велика Британија

Држава која со наша помош спречи да им го превземат конгресот нека ме исправи некој ако грешка сум ја пишал претходнава реченица.Не можеме да се пожалиме дека не ни помагале , во најтешки моменти Алфагрем маваше за нас милиони па и носеше македонски аватар.За нашата помош ни се имаат заблагодарено и на бојното поле и по весниците мислам дека ова пријателство треба да продолжи.

Мексико

Ова сојузништво според мене што би се рекло склучено ради реда..бидејќи Мексико е под заштита на ОНЕ па мораме да глумиме добрата вила.Помошта ние која им ја дадовме ним ниту ќе ја вратат ниту верувам некогаш ќе им текне да удрат за нас.Безпотребно трошење пари за МПП ..единствено нешто за што послужија да видиме како се тепаат американците преку нив.

Словачка

Исто како и за Мексико уште една дупка на виолината на ОНЕ .Беспотребно трошење пари за МПП , сојузништво од кое немаме никакви бенфиции.Чат пат ќе се најде некој залутан ама ептен залутан да дојде и гони бх кај нас .

Естонија

Од Балтичките држави прва која ни помогнала и се борела за нас може да се каже сојуз кој во иднина би се исплатил.Мислам дека вреди да се обнови и да се даде можност на ова пријателство ...можеби ќе ја искористат приликата и ќе се докажат тоа им останува на нив.

Литванија

Втора од Балтичките држави за која имам позитивно мислење исто како кај Естонија вреди да се даде шанса на ова МПП.Иако ни се нови пријатели од тука-таму удрат за нас сеа останува да видиме дали тоа е масло за очи или пак ни се вистински пријатели.Да се надеваме дека ќе не изненадат позитивно.

Летонија

Последна држава од сојузот на балтичките држави и единствена за која немам позитивно мислење ..ни поради новава мисија барем 2-3 да удреа за нас ќе беше арно.Среќна околност за нив што се во сојуз со Естонија и Летонија со кои одржуваме какви такви односи инаку јас не би го обновувал ова сојузништво.

Нов Зеланд

Држава под контрола на ОНЕ додуша се имаат неколкупати борено за нас.Склучивме сојуз со нив поради тоа пто сме членка на ОНЕ инаку полза од нив никаква дали вреди да се обнови сојузот со нив според мене не ....али ОНЕ што нареде тоа мора да се прае нема друго ...

Пакистан

Оваа понуда за сојузништво ни дојде како гром од ведро небо.Мора да признаам ич не ми се допаѓа знамето ми изгледа како да го украле од турците 😃 се зезам истотака ново пријателство кое вреди да се тестира за да се види дали парите се фрлени во бунарот ...

Венецуела

Добро играа фудбал на Копа Америка ако не сум грешка .дали се исто толку добри и на бојното ...или и тие се додаени за цојузници по принцип подобро сојузник него непријател ..останува да видиме хаил Хуго Чавез 😃

Перу

Тие од ОНЕ стварно немаат мерка толку дупки на виолината (свиралото) ОНЕ рекол ние извршиле до сеа од нив немам видено некој да мавне за нашата држава трошење на пари безвезално немам други зборови да го опишам..

Парагвај

Штета што изгубија у финалето .. не го глеав мечот .добар голман имаат 🙂
колку што стигнаа у финале толку да ни помогнеа на нас ке се ослободевме од Швајцарија 😁 За оваа земја слушнав дека постои на ереп тогаш кога станавме сојузници со нив .. ај дај боже нешто да изненадат.

Боливија

И за крај шлагот 😃 од дека излезе оваа држава ни јас не знам изгледа нешто роднини со парагвајциве 😃 ќе рече некој ги мразам јужноамериканциве ..останува да видеме што ќе направат у иднина за нас ..можеби некое чудо ке се десе.

Заклучок:Беспотребно трошење пари за МПП ..оние што мавале за нас пак ке маваат оние што пак нема ,да ни помогнеа пола од она ние што им помогнавме ним немаше сега да бидеме во оваа ситуација....али подобро да имаме повеќе сојузници него непријатели нели.. (се надевам дека сте прочитале до тука 😃 морав малце да скратам на некои држави рака ме заболе од пишување 🙂 )