Новата промена = Исчезнување на организирано удирање !

Day 1,304, 11:19 Published in North Macedonia North Macedonia by United Macedonians


Како што знаете со новата промена на 6 часа доаѓа до обновување на вашето здравје!





Со ова дојде до стабилизирање на цените на пазарот и враќање во нормала,Плато беше принуден да го среди тоа што го за***!


Но како новата промена ќе се одрази на воениот модел во кој спаѓа организирано удирање,дали Плато водеше сметка за тоа?


Здравјето се обновува кога ќе се потроши,никој не е луд да чека организирано удирање кога може да удира и да чека обнова на здравје без губење на време,бидејќи така и самиот побрзо ќе се развива.


На пример.Сега е 9 часот - организирано удирање е закажано за 11 часот,ти наместо да удираш во 9 часот треба да изгубиш 2 часа и да удираш во 11,и наместо наредниот пат ( по 6 ч ) да удираш во 15 ч ти треба да удираш во 17 ч. Тука е разликата кога се чека заедничкото удирање!


Кај АРМ ситуацијата е уште покомплицирана затоа што 350 здравје се троши постепено по 1 убиство по наредба а не одеднаш.Така можеш да изгубиш по 4-5 часа во непотребно чекање и наместо да потрошиш 700 здравје за тоа време ти ќе потрошиш 350!


Мој заклучок - Заедничко удирање е тешко и невозможно затоа што сите во различно време удираме и обнова на нашето здравје е исто така во различен период од денот!


Ова е позитивно за земји како еМакедонија кои имаат голем број на играчи и кои во денот ќе прават повеќе штета.


На пример:


- еМакедонија 12 000 жители,просек 350 здравје на 6 часа по жител,3 пати во ден удирање = 12.600.000 здравје!


- еГрција 7000 жители,просек 350 здравје на 6 часа по жител,3 пати во ден удирање = 7.350 000 здравје


= Разлика 5.250.000 здравје!


Секако тука не влегува удирање со злато,кое има голема улога во битките!


На земјите како Македонија,Србија,Полска,Бугарија новата промена ќе има доста позитивно влијание.


''Заклучок - Заедничкото и организираното удирање ќе престанат да постојат !''


Оваа промена ќе ја намали и забавата на играта која постои на чет при удирање 🙁


Оставете го вашето размислување и коментар 😉


Ваш United Macedonians !