[МзО] Отчет за мандатот

Day 1,233, 01:03 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Odbrana


Почитувани еМакедонци,

Дојде крајот на овој мандат, па поради тоа Министерството за Одбрана ќе го објави задолжителниот извештај за се што е сработено во текот на самиот мандат. Ќе се обидеме во кратки црти да опфатиме се што беше сработено во текот на овој величествен за Нас мандат.



- Евиденција

- Извршена регрутација во единицата Тигри.
- Редовен тренинг на армијата и развој на војниците.
- Комплетирана инфраструктурата на армијата (Лавови и Тигри), фирмите за храна надградени од Q3 во Q5.
- Редовен ангажман на паравојските и нивна инволвираност во рефунд програмата.
- Спроведена транспарентна и ефикасна соработка на релација МзО Армија Паравоени (Формиран Генералштаб).
- Редовно организирање на армијата & паравојските на канал на армија за заедничко удирање. (Поставен рекорд по број на онлајн војници кои чекаат наредба за удар)
- Спроведена акција во знак на благодарност кон цивилите - доделена еднократна помош (по 10 МКД за првите 300 цивили).



Воен план:

- Пруживме максимална воена помош при ослободувањето на Црна Гора од Италијанска окупација.
- Успешно спроведена офанзива врз Италија и воздигната втора еМакедонска база на апенинскиот полуостров. Со тоа може да се каже дека мисијата "Жабји батаци" е (речиси) успешно завршена. 🙂
- Како млад и нов сојузник одлично се вклопивме во главниот штаб на алијансата (ONE HQ) и во текот на целиот мандат бевме директно вклучени при организацијата и планирањето на акциите.
- И покрај директната војна со Италија успешно помагавме на нашите сојузници во текот на целиот мандат пред се на Србија, Унгарија, Турција, Словенија, Иран, Црна Гора, па дури и Шпанија.



Кратка Анализа на војната со Италија:

Целиот конфликт настана со желбата на Италија да стапне на Балканско тло и да завземе регион богат со железо, конкретно северниот регион на Црна Гора. Како течеа битките видовме дека нашите сојузници имаат потреба од воена помош, а и нашите желби за освојување беа големи при што одлучивме да го завземеме регионот богат со железо во сопственост на Црна Гора, а потоа да ја нападнеме Италија со цел да ги истераме од Балканот. Го испративме непријателот таму каде што му е местото по што следеа низа востанија со цел да ја ослободиме Црна Гора за веднаш потоа да добиеме зелено светло од генералштабот на алијансата за напад на оригиналните територии на Италија. Тргнавме во офанзива со напад на регионот Apulia по што следеа низа победи за денес исходот во добиени битки да биде ~120 за Македонија наспрема 3 за Италија.

Војната претежно ја предводеа нашите цивили иако при окупацијата на првите неколку региони наидовме на препрека од сојузниците на Италија пред се Бугарија, Грција и Хрватска, но сепак нашата армија заедно со паравоените организации беше секогаш присутна да го возврати ударот и со тоа да однесеме победа во битките. Со тоа го докажавме нашиот потенцијал на дело, на бојното поле, докажавме дека вредиме, докажавме дека можеме достојно да се спротиставиме на непријателот.

Како што окупиравме оригинални територии на Италија така помошта од нивните сојузници се намалуваше, а со тоа и притисокот за одбрана од нивна страна, па поради тоа нашата армија комплетно ја насочивме во битките кои представуваа приоритет на алијансата со цел да помогнеме на нашите сојузници. Во меѓувреме кон нападот на беспомошната Италија се приклучи нашиот сојузник Словенија, и сега на Италија моментално и пресотанува само еден единствен регион (Basilicata) кој е веќе нападнат и треба да го окупираме и со тоа да се стави крај на војната. Уште сега можам да најавам дека од утре не очекува уште поинтересен и подинамичен период.



За крај, ќе ја искористам оваа прилика да се заблагодарам за укажаната доверба. Ми беше голема чест што заедно со тимот успеав да ја исполнам нашата зацртана цел од аспект на зголемување на борбената готовност на еМакедонија и целта да се доведат паравоените организации на некое повисоко ниво заедно со армијата. Стојам на целосно располагање на мојот наследник за да го пренесам искуството и да го упатам во секојдневните обврски и задачи на Министерството за Одбрана доколку е тоа неопходно и секако доколку тоа биде побарано од мене.


Summa Summarum: Мандат на територијално проширување, доминантност во еСветот во знак на директна инволвираност во *Петтата Светска војна! 🙂

Со почит,
Министер за Одбрана