Вести од еСветот [Мин. за Информирање]

Day 1,211, 12:53 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje


Во изминатиов период сведоци сме на големи промени во врска со целокупниот интерфејс и целосната функција на играва. Од недела во недела се случуваат се поголеми промени. Овојпат админите се решија за неколку крупни промени. Имено имплементирани се следниве новини:

1. Воведена е единствена сметка.
Ова значи дека играчот се што произведува ќе може да го продава од сопствениот "магацин". Исто така може и да препродава добра и материјали кои претходно ги купил но само ако не се користени. Паричната сметка истотака е унифицирана и секој доход или расход се одвива преку неа. За почеток "магацинот" ќе биде со неограничен, односно ќе може да внесувате бесконечно многу производи. Од 1250-от ден, тој ќе биде редуциран на 1000 места. Добрата страна кај оваа промена е што ќе може секој да си купи леб и оружје колку му е потребно, наместо да биде лимитиран на 20 па да мора на секое да се враќа на маркетот. Лошата страна е тоа што доколку некој сака да се бори без оружје, ќе мора најпрвин да го стави на маркет по повисока цена (како не би му било купено) за да не му стои во "магацинот" и да мора да го користи.
2. Лимитирање на трансфер на валути и злато на 10 голд дневно.
Отсега донациите и заработката на ММ ќе биде скратена поради најновата промена која дозволува тргување/донирање до 10 голд. Имено, секој играч дневно може да продаде или донира максимум 10 голд. Истото важи и кога прима или купува.

3. Лиценците се укинуваат.
Лиценците кои служеа за продавање на производите на други маркети се тргнати од употреба. Наместо нив, сега ќе се користи една лиценца за целиот пазар во било која држава. Сите кои имале компанија со 1 или повеќе лиценци, ќе добијат шанса да изберат исто толку лиценци колку што имале претходно, но овојпат бесплатни и за целиот пазар од државата.

4. Нов бонус при работа
Сопствениците на компаниите ќе бидат едни од најзадоволните од оваа новина. Играчите кои ќе работат со 100 здравје, добиваат 50% поголема продуктивност.

Откако ја завршивме и последната тренинг рунда со еСрбија, нашата еВлада активно работеше на потпишување алијанси со староновите еПријатели. По еТурција, наши нови сојузници се: еИран, еСрбија, еУнгарија, еИндонезија и еСловенија.
Ситуацијата во нашата држава се вжештува. Откако еИталија окупираше 2 еЦрногорски региони, третиот регион го ставивме под наша заштита и со тоа спречивме проширување на Италијанците на Балканот. Тогаш се роди и идејата да ја прогласиме еИталија за наш природен непријател и за првпат по неколку месеци пауза да се впуштиме во вистинска и реална војна. Италијанскиот претседател беше побрз само неколку минути и прв го пушти законот за природен непријател. Откако и двете држави ги усвоија овие закони Италија почна да тактизира. Чекаше до последен момент за напад. Најпрвин ги обновија алијансите со Грција и САД, а потоа откако видоа дека повеќе од 500 наши војници спремни чекаат за борба, почнаа да ја развлекуваат војната. Но не траеше тоа долго. Некаде после 22 часот Италија го започна нападот на регионот North Montenegrin Mountains. Илјадници Македонци пукаа од наша страна. Ѕидот за многу брзо се искачи дури на 80%. Цела ноќ нашите играчи константно напаѓаа што резултираше со максимална победа за нас и одбрана на регионот. Набргу потоа се случи интересна работа. Самите еИталијанци кренаа востание од регионот Central Montenegro и со тоа пробаа да ја затворат границата со нас. Тогаш и нашата еВлада стапи со наредба да играчите кои можат да се борат, да се преселат во тој регион и да се борат од страната на Италија како би им било потешко да го ослободат тој регион и со тоа да ја затворат границата.

Нашите сојузници исто така беа активни на воените полиња.

За нас едно од најинтересните случувања беше излегувањето на еТурција од ПАНАМ. После лошата комуникација со еСАД и нивното условно кажано предавање на Теурција и досега чудно беше што бара еТурција во ПАНАМ, но и тоа се среди. Сега главната тема во еТурција е дали државата да влезе во НВО или пак да стане неутрална држава. Значи освен во сојузот во кои впрочем условно сме и ние, НВА во друг сојуз еТурција нема да влезе.

Инаку кога сме во вените игри, еТурција од една страна ги ослободува регионите окупирани од еГрција, но од друга страна ги губи од еРоманија, која се обидува да завладее со еТурција и тоа засега многу добро и оди. еРоманија или си прави пат кон богатите Азиски дрзави, или пак се обидува да им ја олесни ситуацијата на еГрција, се со цел да можат да се сконцентрираат и кон други идеи.

еСрбија експресно го врати регионот Војводина, за потоа да освои уште два
еХрватски региони, Lika and Gorski Kotar и Istria and Kvarner, па сега ќе се обиде повторно да ја избрише еХрватска од мапата. Дали тоа ќе се случи ќе видиме наскоро. Инаку еСрбија сеуште се наоѓа и во еВелика Британија, па во најскоро време се очекува и нивни пробив до Шкотска, од каде ќе имаат и граница со еСАД која е и нивната цел.

Кога во прашање е еУнгарија се е веќе јансо, и подолго време исто. Во битката со еРоманија која трае веќе неколку месеци тешко дека во блиска иднина ќе има финален победник, прво победуваат еУнгарците па еРоманците и тоа со индиции така да остане уште долго.


еСловенија моментално нема природен непријател но се понуди да помогне во нашиот поход кон еИталија и ослободување на еЦрна Гора.

еИндонезија во војната со еСАД го изгуби претходноосвоениот регион Хаваи. Потоа го одбрани регионот Papua и сега се очекува повторен напад на Хаваите. Инаку еИндонезија сега е во потешка ситуација поради тоа што Кина се впушти во помош на еСАД, па и објави војна на еИндонезија. Сега еИндонезија поделена на два фронта е многу послаба одколку на почетокот.

На наше големо задоволство еИран ги истера еБугарите од своите територии и војната помеѓу овие две држави е завршена. еИран засега нема нов природен непријател.

ИНФОРМАЦИИ:

Најдобри еДржави според бројот на жители ( population number ):

Во оваа категорија еБразил е лидер и тоа убедливо, веќе подолг временски период. Од минатиот пат кога излеговме со овие информации, еБразил има пад на населението но и покрај тоа остана на првото место во оваа категорија.

1. - eБразил 24,575 жители. Минатата недела еБразил имаше 24,527 при што е забележан сосема мал подем.

2. - еАмерика20,998 жители. Минатата недела имаше 20,901, со што веќе подолго време стагнираат кога е во прашање бројот на жители.

3. - еСрбија 19,375 жители. Минатата недела еСрбија беше дури на седмото место со 14,501, но по ослободувањето на Војводина и заземањето на територии на еХрватска сега е на третото место.

4. - еПолска 15,532 жители. Минатата недела имаше 16,476, а падот се должи највеќе на изгубените колонии кои еПолска ги имаше во еСАД.

5. - еБугарија 14,413 жители. Минатата недела еБугарија имаше 15,732.

6. -еГрција 14,148 жители. Минатата недела имаше 17,664 но забележа пад на населението поради изгубените територии во еТурција

7. - еМакедонија 13,771. Изминатава недела имавме 13,790 жители но сега сме на седмото место во еСветот, за разлика од минатиот пат кога бевме осми

Ви благодариме за одвоеното време. Со почит, тимот на Министерство за Информирање