Вести од еСветот [Мин. за Информирање]

Day 1,207, 11:55 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje


Тимот на Министерството за Информирање продолжува со информирање на еМакедонските граѓани. И во новиот мандат на нашиот претседател, ќе се обидеме што можеме пооргинално да ве доближиме до најбитните случувања во еСветот.

Една од побитните новости во изминативе неколку дена се новите мисии кои ги воведоа админите. Се работи за 3 мисии кои значително ги зајакнуваат играчите, особено поновите.

Во претходните неколку дена еМакедонија фуриозно галопираше кон својот развиток. Новите мисии како да ги спобудалеа играчите, па сите заедно направивме рекорден инфлуенс од скоро 14 милиони. Тоа само е показател колку еМакедонија и нејзините жители напреднуваат се повеќе и повеќе од ден на ден. Во блиска иднина би можеле дури и да размислуваме за проширување на границите на нашата еДржава. За тие што не ја искористиле таа шанса за да ги исполнат трите мисии, ќе имаат шанса за поправен. Имено од пред неколку часа е предложена Црна Гора за природен непријател. Ќе имаме шанса повторно да ги извршиме мисиите и притоа да напреднеме.
Друга, истотака многу значајна работа е тоа што еМакедонија влезе во Топ 5 држави според бројот на борци дневно со засега рекордни 3918 борци.

Нашите сојузници (иако неофицијални) беа активни на военото поле. еТурција, во својот обид за враќање на картата, пред малку започна Resistance War за регионот Black Sea Coast of Turkey. Доколку успеат, тоа ќе биде нивниот прв регион кој е слободен и со тоа ќе можат да функционираат како држава. Инаку и предходниве денови во неколку наврати еТурците се обидоа преку востанија да се ослободат од еГрчкото ропство, но не успеаа во своите намери и востанијата беа брзо задушувани.

Во еСрбија е прогласена вондредна состојба. Србија води војна на неколку фронтови. Покрај нашата договорена битка, тука се и битките со еБосна и Херцеговина и еХрватска. Во ослободителната борба за East Srpska Republic ја победија еБиХ. Потоа ја одбранија и Federation of BiH во борбата против еХрватска, но ја загубија Војводина. Незадоволството за загубата на овој регион беше бурно проследенa од страна на играчите, поради фактот што по само ПРВ ПАТ од постоењето на еСрбија, таа изгуби битка еден на еден, за свој оригинален регион. Сепак се очекува денес еСрбија да ја ослободи Војводина.
Инаку битно е да се напомене дека после прогласувањето војна помеѓу еБиХ и еХрватска, нашиот северен сосед, владата на еСрбија донесе одлука да ја прогласи еБиХ за природен непријател, како превентивна мерка, а со цел да се спречи евентуалното ширење како држава на еБиХ.

еИндонезија во борбите со Соединетите Американски Држави извојуваше победа и ги завзема Хаваите. Во наредните неколку напади од страна на САД, Индонезија успешно се одбрани.

еЦрна Гора пак, беше прогласена за природен непријател од страна на еИталија. Војната започна неуспешно за еЦрна Гора бидејќи го загуби својот регион Montenegrin Coast.

еУнгарија во битката со еРоманија успешно ги одбрани нападнатите региони, но не успеа да освои ниту еден нов.

еСловенија ја изгласа еАвстрија за природен непријател и борбата ќе започне во текот на денот.

Според сите показатели во еСветот најинтересна е ситуацијата помеѓу еСАД и еИндонезија. Знаеме дека веќе неколку дена трае битката за влез на еИндонезија во Северна Америка, при што еСАД е во паника, ако се имаат во предвид плановите на еСрбија за колонии во еСАД, веќе постоечките колонии на еПолска и еМексико во еСАД и најновите случувања со еИндонезија.


ИНФОРМАЦИИ:

Најдобри еДржави според бројот на жители ( population number ):

Во оваа категорија еБразил е лидер и тоа убедливо, веќе подолг временски период. Од минатиот пат кога излеговме со овие информации, еБразил има пад на населението но и покрај тоа остана на првото место во оваа категорија.

1. - eБразил 24,527 жители. Минатата недела еБразил имаше 25,830 при што е забележан сосема мал пад.

2. - еАмерика20,901 жители. Минатата недела имаше 20,596, со што веќе подолго време стагнираат кога е во прашање бројот на жители

3. -еГрција 17,664 жители. Минатата недела имаше 17,228 па иако нема значителен пораст на бројноста на жителите забележа скок, па од 6-то место на кое се наоѓаше предходниот пат сега е на 3-то место.

4. - еПолска 17,664 жители. Минатата недела имаше 17,228 па иако нема значителен пораст на бројноста на жителите забележа скок, па од 6-то место на кое се наоѓаше предходниот пат сега е на 3-то место.

5. - еБугарија 15,732 жители. Минатата недела еБугарија имаше 17,578.

6. - еРусија15,066 жители. Минатата недела еРусија имаше 14,225.

7. - еСрбија 14,501 жители. Минатата недела еСрбија имаше 17,852, со што има значителен пад на населението, но само поради фактот што Западна Србија ни ја изнајми нас, а пак Војводина подпадна под еХрватска окупација.

8. - еМакедонија 13,790. Изминатава недела забележавме мал подем на населението благодарение на изнајмувањто на Западна Србија, предходниот пат еМакедонија имаше 13,350 жители.

Со почит, Министерство за Информирање