Македонска Фаланга Академија

Day 1,207, 06:40 Published in North Macedonia Bulgaria by Mitko Makedonecot
Македонска Фаланга- Академија

Поучени од нашите лични искуства и малата подршка и внимание која им се дава на новите како и на играчите со помало искуствено ниво (Expеrience level), како и ригорозните услови за членство во постоечките организации Македонска Фаланга реши да даде свој придонес и да им помогне на сите еМакедонци независно од нивната старост и искуствено ниво (Expеrience level)што побрзо да напредуваат во играта,а со тоа да помогнат во создавање на посилна и поуспешна еМакедонија.
За таа цел Македонска Фаланга објавува отворен повик до сите заинтересирани да станат дел од питомците на
Македонска Фаланга–Академија
едукациски центар за развој на економски и борбени вештини


Услови за зачленување
1.Македонско Државјанство.
2.Максимално искуствено ниво (Expеrience level) 15.
3.Присуство на чат каналот најмалку 4 пати во неделата или по претходно добиено известување.
4.Носење на соодветниот аватар на Македонска Фаланга Академија.

Придобивки од членството
1.Обезбедено вработување и максимална плата за соодветната економска вештина (Еconomy skill).
2.Помош во извршување на мисии,совети за начин и стратегии на играње, работење со компании, купување /продавање на пазарот на производи , репроматеријали како и активности на Монетарниот Пазар.
3.Заедничко учество во борбените акции со сите членови на Македонска Фаланга.
4.Оптимизирање на времето потребно за постигнување на 15 искуствено ниво (за членовите кои имаат искуствено ниво од 1-14).
5.По достигнувањето на 16 искуствено ниво, можност да се влезе во составот на Македонска Фаланга Регрути и по скратена постапка да се добие статус на Припадник на редовниот состав на Македонска Фаланга.

За пријавување пополнете го следниов формулар
Пријава за упис на Македонска Фаланга-Академија

За пријавување и дополнителни информации повелете на каналот на ризон
Македонска Фаланга-Академија

ДОЈДЕТЕ ДА СЕ ДРУЖИМЕ - ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ
МАКЕДОНИЈА ТЕ ЧЕКА