Собраниски Комисии [ Претседател на еМакедонија ]

Day 1,183, 04:32 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje




Почитувани еМакедонци,


Долго размислував како да се подобри транспарентноста и контролата на трошењето на државните пари. Верувам дека сите сме поучени од околните држави и од нашето минато искуство при што се покренуваа многу прашања на кои едноставно не можеме да знаеме кој е вистинскиот одговор.


Држава скриена во нејаснотии и тајни е слаба држава. Слаба, заради една едноставна вистина : ако народот не верува во својата држава, истата нема од каде да ја црпи својата сила.

Затоа сакам да поставам безбедносни механизми кои ќе ме надживеат мене како Претседател и ќе траат долго после мојот мандат.


Токму таков механизам Ви претставувам денеска.


СОБРАНИСКИ КОМИСИИ


30те пратеници во еМакедонското Собрание ќе се поделат во 6 Комисии. Секоја од нив ќе го надгледува финансиското работење на соодветната институција која им е доделена за надзор. На тој начин, државните пари за кои е одговорно Собранието ќе бидат директно ставени на целосен увид на самото Собрание.


1. Буџетна комисија

Составена од пет пратеници при што сите парламентарни партии МОРА да се застапени. Координатор на оваа (и на сите останати комисии) е од редовите на ОПОЗИЦИЈАТА. Комисијава има за цел да го следи собирањето на даноците и да ја надгледува работата на Народна Банка на Македонија. Секоја аномалија ќе биде предочена пред цело Собрание и јавноста. Комисијата има за право да го повика Министерот за Економија еднаш неделно за да одговори на поставени прашања.


2. Економска комисија

Оваа комисија ќе ја надгледува работата на државните фирми. Каков е менаџментот, дали вработените работат со полно здравје, кои се залихите ... Истите општи правила важат и за оваа комисија како и за останатите (сите Парламентарни партии застапени, координатор од опозицијата, повикување на соодветниот Министер за да осговара на прашања итн).


3. Комисија за Одбрана

Оваа комисија, според истите општи правила, ќе ја следи работата на Армијата и на воениот буџет. Секоја единица (регуларна или паравоена) за добиените државни пари – ќе и дава објаснување на оваа комисија. Комисијава има за право да го повика Министерот за одбрана или било кој генерал за да одговара на поставените прашања.


4. Комисија за Здравство – ќе го надгедува Министерството за здравство и Црвен Крст.


5. Комисија за Надворешни работи – ќе си следи средствата за потпишување сојузи.


Министерствата за информации и образование досега не располагале со буџет заради природата на својата активност и затоа не трошат државни (никакви) пари. Здравство и Надворешни исто така трошат минимални средства, но сепак има расходи и затоа ќе бидат следени.


Со овој механизам, правам обид да го издигнеме Собранието на едно повисоко ниво. Да добие на значење и на самата функција Пратеник. Кај нас и во реалниот свет Собранието е крајно потценето и пратениците се сведени само на кукли кои стискаат на копчето според партиска наредба, а не според свое лично убедување. Да направиме тука да не биде така.


Претходно имав идеја да основам т.н. Атникорупциска (дури и разговарав со Georg the Macedonian за да ја води) НО тоа не е решение. Не може јас сам да си назначувам кој да ме контролира мене и моите Министри. Вака, Собранието ќе ја превземе таа одговорна функција.


еМакедонци, на дланка Ви ставам механизам како да ме контролирате мене и сите Претседатели после мене. Се надевам дека ќе бидете доволно свесни да ја препознаете оваа шанса и да помогнете да се изгради силно Собрание и здрава еМакедонија.


Ако се согласувате со овој механизам – гласајте и ставете го во Извик.


Со почит,
Струмјанин