Случувања во еСветот [Мин. за Информирање]

Day 1,182, 01:41 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje


Побитни случувања во еСветот за минтатата недела ( Министерсво за Информирање )

Почитувани еМакедонци, како дел од активностите на Министерството за Информирање од денес, па секој понеделник натаму ќе ви ги пренесуваме поважните актуелности од еСветот.


Изминатава недела немавме некои особено важни вести од е-Светот, посебно не кога во прашање се интересите на еМакедонија.

Да почнеме со ред, со нашите сојузници, а сега засега тие се : еСрбија, еБразил, еТурција, еФранција, еУнгарија, еРусија, еИндонезиа, еИран и еСловенија.

Околу еСрбија нема што посебно да се каже. Како и секоја недела па така и изминатава водеше борби со еХрватска, менувајќи ја иницијативата, меѓутоа сепак се чини дека еСрбија може да ја прогласиме за победник кога во прашање се борбите кој се одвиваа изминатава недела. Освен со еХрватска, оваа недела еСрбија влезе во војна и со еГерманија откако беше изласана како државен непријател, но се чини дека еГерманците немаат многу што да бараат во оваа војна. еСрбија ги доби сите досегашни битки, со што освоени засега се Баварија, Тирол, Хасе ... Во меѓувреме еГерманците кренаа и востание во Баварија, со голема веројатност да биде брзо задушено од еСрбија. Против еСрбија востание во недела дигнаа и еСловенците со кои исто така сме во сојуз, а и еБосанците.

еБразил, државата која и тоа како ни помогна во војната со еБугарија е во поход на Шпанија и на почетокот на неделата навлезе длабоко на Пиринејскиот полуостров, односно ги зазема териториите на еПортугалија, која беше под окупација на еШпанија, но со договор со еПортугалците кој се во сојужништво со еБразил, се со цел ослободување од еШпанската окупација.

Исто како и еСрбија, кога во прашање е еУнгарија се е веќе јасно. Со мали промени во иницијативата продолжуваат борбите против еРоманија, со индиции така да остане уште долго. Паралелно еУнгарците водат борби и со еАвстрија и тоа доста успешно.

На еРусите не им тргна добро во борбата со се послабата еУкраина, која на почетокот на неделата успеа да ослободи 3 територи. Тука мора да се напомене дека еУкраина се бори со големата еРусија со само еден единствен сојузник еХрватска, па иако ни се непријатели, за да останеме принципиелни и праведни во нашето излагање мораме да ги пофалиме.

еИндонезија веќе ја има окупирано половина еАвстралија и сега нашите сојузници
водат војна со еНоз Зеланд каде што добро напредуваат, па за очекување е целосна
окупација на еНов Зеланд. Востанија против еИндонезија неделава што измина кренаа Тајланд, Малезија и Австралија, но сите неуспешни.

еФранција неделава што измина ја почна доста добро, со заземање на две територии Сицилија и Сардинија од еИталија, па потоа еИталјанците се вратија во игра со неколку добиени битки, по што засега ситуацијата останува нејасна. Најново околу еФранција е тоа што што нашите сојузници во неделата ја прогласија еБелгија за природен непријател.

Во еИран по подолго време се крена востание во областа Јазд која се наоѓа во централен еИран, за жал нашите сојузници не успеаа во птвото востание и Јазд се наоѓа сеуште под окупација на еБугарија, но вчера повторно се дигна востание. Инаку во останатите области на еИран веќе подолго време е мирно, откако еИрачаните успеаа да ги одалечат еАмериканците од своја близина.

Кога во прашање е еТурција сите знаеме дека веќе подолго време е избришана од картата и е под окупација на еГрција.



ЕКОНОМИЈА на светско ниво:

Кога во прашање е економијата, таа минатата недела беше во центарот на вниманието не само кај нас, туку и во целиот свет.

Заради последните промени што ги воведоа админите околу отварањето на фирми за 10 голд, наместо за 20 како што беше до сега, околу 5000 играчи на светско ниво отворија фирми.

Токму поради тоа целиот свет се соочува со крах на економски план. Буквално сите земји се зафатени од него.

Житото, лебот, оружјето, железото и останатите продукти се значително поефтини, па затоа платите насекаде се видно намалени, а тоа створува незадоволство кај сите еГраѓани насекаде.

Сепак состојбата кон крајот на неделата полека се нормализираше, па поради тоа мораме да бидеме оптимисти дека многу скоро ќе тргне на подобро.

Затоа еден совет до вас. Наместо на нови фирми од кои нема да имате воопшто профит, или пак тој ќе биде незначителен, златото давајте го на бустери, на тренинг, на работа сеедно, или пак штедете го за подобри времиња.



ИНФОРМАЦИИ:

Најдобри еДржави според искуствени поени ( experience points ):

1. Србија - Искуствени поени-25,421,942 (Просечни искуствени поени-1,294)

2. Полска - Искуствени поени-20,496,196 (Просечни искуствени поени-1,124)

3. Унгарија - Искуствени поени-19,834,675 (Просечни искуствени поени 1,865)

4. Романија - Искуствени поени-15,078,934 (Просечни искуствени поени-1,706)

5. Шпанија - Искуствени поени-13,949,857 (Просечни искуствени поени-1,297)

..........................

17. МАКЕДОНИЈА – Искуствени поени - 3,989,755 254 (Просечни искуствени поени-254)



Најдобри еДржави според бројот на жители (population number):

1. -Бразил - 22,285
2. Грција - 21,743
3. -САД - 19,292
4. -Србија - 18,629
5. -Бугарија - 18,154
6. - Полска - 17,078
7. - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - 14,165


Со почит, Министерство за Информирање

(Jovicaaa)