Миле Поп Јорданов

Day 778, 02:11 Published in Russia North Macedonia by Stoilkovski Darko

Миле Поп Јорданов или Миле Попјорданов (1877 - 1901) бил македонски револуционер и просветен деец, член на ТМОРО, брат на познатиот велешки гемиџија Јордан Поп Јорданов - Орцето и на Петар Поп Јорданов. Роден е во Велес, а се школувал во битолската неполна машка гимназија и Духовната семинарија во Цариград. Бил исклучен од обете образовни институции поради својот бунтовнички темперамент и се се посветил на учителскиот позив. Како активист во револуционерната организација, се вклучил во реонската чета која дејствувала во Радовишко. Загинал под трагични околности како жртва на непријателска заседа во близина на родниот град. Имено не сакајќи жив да падне во рацете на непријателот се самоубил.

Во негова чест е испеана познатата народна песна Болен ми лежи Миле Поп Јорданов, која денес е и официјална химна на градот Велес.
http://www.youtube.com/watch?v=ofL2ylXtvTA