Пресуда за убиство

Day 1,413, 14:18 Published in North Macedonia North Macedonia by DarkAngelMKD

Човек се нашол на суд обвинет за убиство со предумисла.


Судијата: Овде се работи за тежок деликт, крваво убиство со предумисла. Го повикувам обвинетиот во своја одбрана, а со цел да се обиде евентуално да ја ублажи казната да ја изнесе својата одбрана и олеснителните околности.

Обвинетиот: Беше глупа…морав да ја убијам

Судијата: Тоа не го сметам за олеснувачка околност. Ако не сакате остатокот од животот да го минете зад решетки морате да најдете нешто поубедливо.

Обвинетиот: Во ред ценет суде, дозволете ми да ви раскажам како беше. Жална ситуација, децата беа многу ниски. Синот 12 години висок 80 сантиметри, а оној постариот од 19 години се на се 85 сантиметри. Еден ден разговарав со жена ми и и кажав дека навистина ми е жал за нив.

- Да рече, тоа се пиринеи.

- Мислиш, Пигмеи– и реков

- Не одврати таа, пигмеи се она што го имаме под кожа и поради што поцрнуваме во лето.

- Не тоа е пигмент, забележав.

- Не, одврати таа, пигмент е тоа на кое пишувале старите римјани.

- Побогу жено, тоа е пергамент.

- Не пергамент е кога некој ќе прочита или прикаже само дел од некое дело.

Почитуван суде, претпоставувате дека немав волја да и објаснуваm, дека се работи за фрагмент. Отидов на троседот, легнав и почнав да читам весници. Набргу дојде мојата жена со книва во рацете, ја отвори и почна нешто да чита.

- Душо гледај: “Сончевата тераса од рачна торба била учителка од макрото 15“.

Ја земав книгата, ја погледнав и и реков:

- Драга моја, ова е книга на француски јазик и тука пишува …La Marquise de pompadour est la Maitresse” а тоа значи дека Маркизата Помпадур му била љубовница на Луј 15ти.

- Не рече таа- мора да се преведе буквално. La Marquise е сончева тераса, Pompadour е рачна торба, La Maitresse е учителка, а Louis XV е макро. И потоа продолжи- јас тоа сигурно го знам, не џабе земав часови по француски и вежби со својот легионер.

- Веројатно мислиш на лекторот.

- Не, лектор е еден грчки херој.

- Тоа беше Хектор и беше Тројанец.

- Не, Хектор е мерка за површина.

- Мерка за површина е хектар.

- Не, хектар е пијалок на Боговите.

- Жено тоа е нектар.

- Не, тоа е река во јужна Германија.

- Таа река се вика Некар.

- Не знаеш ти ништо, јас уште како мала пеев во дуо за реката Нектар

- Си пеела во дует.

- Не дует е кога играат Барселона и Милан

Почитуван суде….тогаш земав чекан и ја опнав по глава. Конечно замолчи.


Судијата: Пресуда“Обвинетиот се ослободува, јас би ја опнал уште кај Хектор“