НЕСУДЕНИОТ МЛАДОЖЕНЕЦ

Day 1,412, 03:18 Published in North Macedonia North Macedonia by DarkAngelMKD

За жал не сум оженет... додуша бев свршен, ама до свадба не дојде, а еве и зошто.

За Нова Година сакав на свршеницата да и подарам нараквици кои ќе и ги испратам заедно со писмо. Но, во продавницата се сретнав со колега од факсот кој исто така купуваше подарок за неговата девојка, долен веш. Неспретната продавачка ги заменила пакетите, па така колегата си замина со моите нараквици, а јас го испратив пакетот со долниот веш на мојата свршеница. Е сега, и не е така страшно ќе речете....и не би било, но, само ако го немаше и писмото со подарокот.
Замислете...во домашна атмосфера, кога домашните се собираат околу елката и со нетрпение ги отвараат подароците.....мојата свршеница го отвара пакетот и го чита писмото кое гласи вака:

„ Долго размислував како да те развеселам и да ти ја докажам својата љубов. Последниот пат кога бевме заедно, конечно забележав што ти недостига, па ете подарокот ти го испраќам во пакетот. Ти посакувам во нив да си поминеш многу убави моменти. Сакав да ти купам волнени, ама ми текна дека во нив премногу ќе се потиш, зашто тоа го забележав кај колешките на факс. Им ги пробав на две и едвај успеав да ги им ги слечам онака испотени. Се помислив малку, па ми текна дека за скоро време доаѓа пролетта, а тогаш ти ионака не ги носиш.После сакав да ти купам кожни со народен вез, но во последен момент се сетив дека во нив тешко можам да го допрам она поради што и сакав да те побарам за жена.Затоа купив намерно такви кои лесно се соблекуваат кога ти се брза.

Не заборавај да ги облечеш кога излегуваш во друштво. Знам, нема долго време да останат чисти, зашто ти со многу контактираш, но кога ќе сакаш да ги исчистиш, тркни до мојот пријател...знаеш, оној за кој ти раскажував кој е многу искусен и вешт.

Те сака твојот љубен.„