Крај! [VOIX]

Day 2,032, 07:50 Published in North Macedonia North Macedonia by Voix of Macedonia

Здраво Македонијо!

Дојде време за мојот крај (овој пат вистински). За да бидам сигурен дека веќе никогаш нема да можам да влезам на играва јас денес ќе го направам последниот чекор. За моја среќа имав потврда и од Плато дека ако го ставам уште еднаш тој аватар што ги вреѓа нив дека ќе бидам баниран за секогаш.



Но пред да отидам на тој еСвет морам да ги испукам останатите чоколатца од пред некое време што ми се во магацин. Сега тоа ќе го направам против Турција.



Мислам дека знаете зошто ја напуштам играва. Преку глава ми е од глупиот Плато и од понижувањата спрема нас! Доста трпиме понижувања во РЛ не ми треба истото и на ерепублик. Играва наместо да не опушта ни ствара провокации и нервози.

Ме мрзи да пишувам многу долго само сакам да ви кажам дека ми беше во изминатиов период интересно со сите вас!

Откако ќе испукам се го ставам повторно аватарот и си заминувам од овде за секогаш.

Македонија Вечна!