Што ако Македонија го напушти ОНЕ? [VOIX]

Day 1,679, 02:42 Published in North Macedonia North Macedonia by Voix of Macedonia

Здраво Македонијо!

Вчера ни пукна филмот на сите во еМакедонија, откако во ОНЕ не не ставија како приоритет во многу важна наша битка!
Се случи што се случи, треба да гледаме напред и да гледаме што би било најдобро за нашата еДржава. На крајот на краиштата секој си ги гледа своите интереси во играва и интересите на својата држава и помага на своите сојузници ако веќе неговите интереси се исполнети.

Најважно од се е во тој некој сојуз е да се има разбирање и членовите на тој сојуз да бидат задоволни! Доколку нема задоволство, тогаш најдобро е да се напушти тој сојуз!

Единствен излез за еМакедонија доколку го напушти ОНЕ би било да се приклучи кон алијансата ЦОТ, каде што се наоѓаат нашите големи сојузници Бугарија! Секако тој сојуз е про-ОНЕ настроен, така да доколку ние излеземе од ОНЕ, тогаш повторно ќе ги имаме истите МПП држави, само што разликата ќе биде тоа што ние ќе ставаме приоритетни битки во во координација на новиот сојуз и ако битката е премногу важна тогаш и ОНЕ ќе се приклучи со приоритети!

Што сакам да кажам со ова?

Немојте да се дрзнувате да плукате по членките на ОНЕ! Тие ни се сеуште пријатели и сеуште нивни државјани пукаат во наши битки, како и ние во нивни! Повторно и ние и тие ќе имаме потреба од меѓусебна помош и ќе се бориме еден покрај друг! Во ЕДЕН нема шанса да влеземе, затоа што таму е Грција и тоа не доаѓа во предвид да сме со нив сојузници 🙂 поради тоа единствената шанса за нас е алијансата ЦОТ!

НЕМОЈТЕ ДА ЗАБОРАВАТЕ, ДЕКА ОНЕ НИ Е НЕУШТЕ ПРИЈАТЕЛ И ТАКА ЌЕ ОСТАНЕ, САМО ШТО НА КРАЈОТ НА ДЕНОТ НЕМА ДА ПРИМАМЕ НИВНИ НАРЕДБИ И НЕМА ДА НИ КАЖУВААТ ШТО ДА ПРАВИМЕ И ДА НЕ КАЗНУВААТ! НЕКА СИ СТАВААТ НИВНИ ПРИОРИТЕТИ, А НИЕ НАШИ! Тоа ќе биде тоа доколку ние смениме алијанса! Значи ќе смениме само алијанса, но не и страна!

Доколку се грижите за интересите на еМакедонија, тогаш не заборавајте дека треба да ги задржиме нашите пријатели! Не ни требаат повеќе непријатели и повеќе држави што ќе не нарекуваат Ф***М! Од нас зависи иднината на еМакедонија! Од сите нас! Не само од политичарите, не само од новинарите! ОД СИТЕ МАКЕДОНЦИ!

Како што разбрав за некој ден ќе има референдум од страна на нашиот претседател, па ќе видиме која е желбата на Македонците!

Поздрав Македонијо!