Коцките на мојата улица [TOMIBAIR]

Day 1,799, 00:09 Published in North Macedonia North Macedonia by tomibair
Живеам во полуурбано градско мало. Ко ќе некој дојди тука му се гади, му се гнаси, не му е логична околината, која некој ја гледа 25 години, и чудно ЈА САКА! Од мал се поврзвам многу чудно со околината и ситните работи. Работи кои секој нормален ќе ги одмини, нема да ги забележи носен од својто брзање, работи шо ги прескокнува а после му е криво шо поќе време не се задржал на нив. Да не бидам ко оние досадни бла бла писатели шо трупат зборој без веза сакам да ја погодам суштината и секој збор да има посебен вкус, симболика и силина ама некако не ми оди. Од ко почина дедоми секој ден ми иди чувство да ја сликам бабами. Цел ебан телефон ми е полн со слики од бабами кај шо печи пиперки во 6 сабајле, кај шо треби ориз, кај шо плети неккој чуда, и секогаш е насмеана и весела, баш како шо сакам да биди ко ќе ја памтам,ја сликам да ја памтам поубо посликовито то е вистинскиот збор да!!. Поминваш заминваш трчаш за нешто во иднина шо можи и нема да се случи си го гориш мозокот со технологијата и материјалниот отров толку многу, затруен шо како силен оган ти ја гори душата, и како вода ти ја гасни топлината во истата за да немојш ни солза да пуштиш ко ќе ти се плачи, заборајвме да плачиме, не знам како е да плачам, немам емоција да плачам, камен сум! камен се напрајв камен ме напраја!! заборајвме да си ги гушкаме бабите и дедовците и да ги впиваме моментите. Зато вајлда ја сликам бабами.
Ко бев мал станвав многу рано, и го имав онај безгрижен детски дух, цел свет ми беше улицата, али не со другарите, со нив имав други спомени, брзи!! од мал другите ми го рушат мојот свет во мене, светот шо не го гледат, некако не пасоват, во играта шо ја играм во себе, ми ја разнишуваат таа хармонија со себството, па чувството ко ќе бев сам на сабајле и плус дете беше еднакво на семоќност, го владеев мирот и тој ме владееше мене, заедно се ебававме а децата ни беа уште поголем мир!!
Секогаш на сабајле седев со бабами и печевме пиперки во дворот. Го сакав студот сабајлечки кога си сам и сите спијат, и звукот на дрвата кои пукаат во шпорето,и топлината од него, па мирисот на пиперките печени низ дворот, се беше така тивко и толку смирувачки, компонирано со околината ориентално чувство шо мислам само јас можам да го осетам во целост. ако тоа исто шпоре, истата топлина ја запалев на кое и да било друго место, со кој и да е друг чоек, то шпоре ќе ми беше обично шпоре! Финтата е шо 3 дена по ред станвам во 6 и печам со бабами пиперки пак, и некако уживам во то, уживам да се враќам на работите од минатото, пошто ме потсеќат на тогаш ко бев дете, викајго бегање од реалноста куроми, ама ме смирва и се осеќам чисто, боженствено, го шетам кучето на ридот, пошто ме потсеќа на мојто прво куче шо го шетав на истиот тој рид, времето ко ќе сум дома, седам долу кај бабами, во просторијата во која седев ко бев мал, која зрачи едно друго време, сега го нема дедоми таму, ама просторијата прај да го има, материојалната меморија на предметите во неа, во која само таму, како рак под својот камен, го наоѓам мирот, и се осеќам баш она , како ДОМА, топличко убо.НАЈСЕРИОЗНО а сега си викаш каква врска има ова сето до сега напишано со КОЦКИТЕ НА УЛИЦАТА?? Епа улицата ќе ни ја асвалтират , ќе ги нема коцките шо си ги кршефме колите, тие искривоколчени коцки кои седеа тука доолги години, сега ќе има модерен нов асвалт, ЗАМИСЛЕТЕ АСВАЛТ бе чоекк вауууууууу, коцката ми е како еден мост симболизам шо го сакам во текстов. Коцката ми е детството бе луѓе, она старо убо детско чувство на мој свет, секоја коцка има своја меморија вдлабната, иако стара, немодерна, но то толку правилна и боженствена, меморија на игрите врз неа, мојте чекори во светот кој е само во мене, отпечатоци врз нив, мојот КРИПТОНИТ! Се навикнав на коцката и за мене е совршена!! На коцката снегот никогаш не се топи, па мојта улица дели од другите во градот, на мојта калдрместа улица никогаш не фрлаат сол, пошто е за нив небитна, скриена, па снегот седи преку цела зима и прави една неопишлива бела бајка, која ја сакам од мал, и неќам да ја менвам со асвалт, со тој модерен личен асвалт, врз кој снегот се топи одма, и се прај кишкајца, а улицата мојта улица постанва иста како и другите, а спомените на безгрижност и дечка топлина од истата се губат, уствари не се губат тие се во мене, но не толку визуелни, за да ги повторвам и да се навраќам. Ја кренаф ролетната едно зимско утро и погледот на зимска идила не беше пред мојте очи, сега беше нешто друго, црн асвалт и кишка. Ја запалив колата, и стапнав силно на гаста, врз свежотурениот асвалт, вибрациите од коцката ги немаше, па телото примаше други мазни дрмања,кои не беа ни дрмања, туку права мазна линија МОНОТОНА!! непознатА!! а кај заминав со колата???

На една калдрместа улица далеку од мојата, повозив 5 минути и се вратив, пошто ако возиш многу време на калдрмата, ќе си ја искршиш колата!!!! Ќе пробам да го засакам АСВАЛТОТ, го знајте онај новиот на мојата улица.....

А од време на време ќе барам и некоја калдрма...

да се потсетам
да се насмеам
да се исплачам.

Почивај во мир дедуш!!

Т.Д.