[МНР] еАвстрија - Flaming Mozartkugel

Day 1,402, 13:16 Published in North Macedonia North Macedonia by Plainswalker

Денес некако ептен ми се спиеше, ама ме разбудија уличните уметници со нотите на Моцарт и Штраус, па мораше да се стане. Целиот мамурен се истркалав до најблиската меана на едно утринско виенско кафе. Всушност веќе беше пладне, ама овде нештата некако бавно се случуваат. Нема многу народ, 514 жители во целата земја, па секој си ужива во својот простор.



Изгледа осаменоста ги прави доста мирни, сите се некако неутрални кон секого. Имаат неколку активни пактови со , и , ама си држат до неутралноста. А и зошто да не, и онака нема многу каде да се оди. Од сите страни се затворени, тоа е, немаат море...



Народот е трудољубив, а уште од мали деца имаат часови за sparen, па малку по малку се собира по нешто. Природата не им дала многу, по некое овошје, по некој елен и нешто малку алуминиум, па тешко се собира крај со крај. Барем сите си ја сакаат земјата и се борат за неа, не како некои други...



Ги гледам знамињата и ме потсетуваат зошто сум тука, треба да одам до Владата. Ми дадоа од еМакедонија да пополнам некаков формулар, администрација што да се прави. Барем добро што ме разбудија свирачиве, уште малку ќе затворат. Хмм, можеби ќе ги убедам да потпишат уште еден пакт ... ќе видиме, трошоците се големи...


Plainswalker




п.с. кога не пијам Stiegl гледам да висам на официјалниот канал на МНР, па ако ви требам за нешто можете да ме најдете на #emkd-mofa