Мој Весник, Мој Став [Edit..]

Day 1,168, 14:38 Published in North Macedonia Ireland by MeDs.
Edit...

Морав да ја реиздадам статијата поради тоа што успешните македонски новинари кои молат за претплати за да добијат ММ на 9 левел ми ја симнаа од Latest. Се извинувам ако некој го смета за спам ова, но денес се мачев доста време да напишам нешто.

Македонската инертност ке не донесе до пропаст. Сами на себе сме си најголем душман.
Разбуди се Македонијо... Ако е веќе некој станат нека го разбуди и претседателот, имаме држава да си вратиме...

МнМ

о/
_______________________________________________________________________________


Мој Весник, Мој Став

Гледајќи ги празните редови од статијата се мачев како да го започнам ова мое прво издание на мојот весник затоа решив на кратко да ги искажам моите ставови и мислења за играта.
Во игреата сум релативно малку, и како секој играч и јас си имам свое мислење. Го чекав правиот момент за да оформам весник за да го искажам моето мислење. Од кога шаутите, макар и 30 ми стаанаа малку, решив да отворам весник кој ќе се обиде да го крене нивото на новинарството во еМакедонија, и да ги изложам моите ставови до македонскиот народ.
Има доста квалитетни весници но и играчи за кои мислам дека златото можеле подобро да го искористат отколку да отвараат весник и да молат за претплати.

Уште еден весник, ловец на ММ или реален критичар

- Ситуацијата во еМакедонија; Налив на емоции и чуства го одбележаа изминатитот период. Една луда железница не извозе низ сите можни емоционални состојби; од напнатост– моментот кога очекувавме еБугарија да не изгласа за NE неколку пати по ред, преку емоции на радост после освоените 2 региона во еБугарија, и се до тагата и разочарувањето кога ги губевме териториите на нашата еМакедонија. Македонецот многупати бил поробуван и секој пат успевал да собере сили да ги си го врати назад она светот, својата татковина. Сакам да се заблагодарам до сите сојузници кои што се бореа да и помогнат на еМакедонија во сите нејзини потфати, како и на македонските војници и цивили за нивното ангажирање во војната.
Светла звезда на македонското небо е кандидатурата на Струмјанин за претседател, единствениот човек кој што од моментот кога влагов во играта со своите статии го задржаа моето внимание и човекот кој се обидува во секоја ситуација да и помогне на еМакедонија. Кандидат со реални ставови и идеа за напредувањето на еМакедонија во играта и голема решителност да се направат корените промени во уредувањето на државата. Исто така би сакал да го поддржам деталниот предлогот на Унитед за креирање на Устав, за кој се надевам дека ќе успее да донесе некаков ред во државата.

- Релативно малку сум во играта за да можам да ја анализирам економијата или воената стратегија на државата, имам една фирма за жито која ја купив со помош од другар , btw купувајте жито од cereals saines 🙂 и се обидувам да свртам некоја пара.

- Економијата ја оставам на Економистите а битките и надворешните работи на искусните играчи. Единствено сакам да обрнам внимание на информираноста на играчите, грото наши играчи не ја разбираат играта, владата треба сериозно да посвети внимание на образование на играчите, како новите така и поискусните.Wiki страната може е од големо значење за играчите, но јас искрено таму не сум ги пронашол бараните информации.


Точка од интерес

- Единствена работа која што ме плаши во сета оваа работа е позицијата на еГрција. Го искористија бојкотот на Турските играчи и ја освоија целата нивна територија. Не знам што би ја сопрело Грчката војска од кога ја освоија турција да тргнат кон нашите териротии. Сакам да апелирам досегашната и идната влада сериозно да го разгледаат ова прашање.

До Македонскиот народ

- Како за крај морам да го изразам моето крајно разочарување од младиот македонскиот народ за својата нетолеранција и нетрпеливост. Кога освојувавме територии во еБугарија, сите се радувавме празнувавме, но кога ги губевме нашите територии започнаа навреди клеветења и нетолеранција кон бугарските играчи. Млада генерацијо време е да се направат промени во иднината на Македонија, да се постави модел на граѓанин, на војник на лидер. Време е да ја тргнеме стереотипноста врзана за Македонскиот народ дека е завидлив на соседот, време е да смениме нова страница и да докажеме дека сме подобри от тоа што не мислат. Главата горе младино, останетеми со 100 здравје и со памет...




Искрено ваш
MeDsLeinad