Први конгресни избори - еМакедонија, Октомври 2010 [резултати]

Day 1,071, 12:39 Published in North Macedonia North Macedonia by Mudash.

Почитувани граѓани на еМакедонија, Една изрека вели:
“Историјата е всушност сегашноста. Сегашност која што ја пишува секоја една генерација“.
Деновиве, почитувани браќа и сестри Македонци, заеднички ја пишуваме историјата на нашата еНација.

Се состави конгрес со големо мнозинство на Македонци (90😵, од единствената Македонска партија во моментов - Обединета еМакедонија.



Видовме дека немаше некоја поголема странска група дојдено да ни прави проблеми на изборите, како што беше најавувано. Најверојатно поради бројката на популација што ја имаме не се ни осудија да пробат. Сепак излезеноста на овие избори беше очекувано мала. Од 2800 играчи со право на глас (над 80 exp), излегоа само 471, односно 16,82%.

Еве како изгледаат резултатите од изборите:
Конгресни избори - еМакедонија, Октомври 2010

Влеговме со 26 кандидати. Еден од конгресмените од другата партија (Србин што ја подржува Македонија) се префрли во нашата, како што и пред изборите ветил. Па сега во конгресот има 27 конгресмени од нашата партија и 3-ца од Бугарската партија. Тие 3-ца не преставуваат закана бидејќи се малку и неможат да направат нешто со што би и напакостиле на еМакедонија.

Им честитам на конгресмените и ги замолувам златото што го добиле од медалот да го донираат во Народна Банка на Македонија, за доброто на еМакедонија, како што се прави и во повеќето други земји.

На 5 ноември 2010 ќе бидат првите претседателски избори во еМакедонија. Ќе се отвори соодветна тема на форумот околу тоа и прво таму ќе се договори кандидатот кој ќе го предложиме од нашата партија и со кој ќе одиме на изборите. Тие избори треба да поминат во најмалку напната атмосфера, бидејќи по успешните избори за претседател на партија и конгресни избори веќе немаме ваква опасност за превземање на власта од луѓе од надвор.

По повеќе од година време чекање и безброј пати барано, ја добивме нашата земја, па се случи голем прилив на нови играчи, па имавме успешни први избори за претседател на партија, а сега и успешни први конгресни избори. Претседателските се веќе добиени.
Имаме уште многу работа пред нас, но сепак ова не е за потценување.
еМакедонци, конечно дојде нашето време !

Македонија на Македонците !

Cyril of Macedon

Претседател на Обединета еМакедонија