Да ја запознаеме владата (2) [Министерство за Информирање]

Day 1,125, 03:08 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje


Почнувајќи од вчера со објавувањето на првата статија и денес продолжуваме со објавување на кратките (додуша некои и не така кратки) биографии на членовите на владата на еМакедонија.

Drashhh_III_Makedonski - Министер за Надворешни работи:

Роден на 21 септември, 2009 еБожји 671 ден од Новиот Свет во еИндонезија. Уште во моето еДетство се ангажирав многу за оваа игра. Го прошетав скоро целиот еСвет делувајки во различни акции (Операција Гејлада, Белгија, Чешка итн). Член на многу воени организации како МФ- Русија, МФ-Турција(лидер), Royal Marines, Royal Navy, Commandos41 и моментално лидер на АрМакедон. Во политиката се впуштив по првиот конгресменски медал во Турција а исто така бев и претседател на партијата на Македонците во Турција, потоа на првите конгресни избори во Македонија уште еден. После првите претседателски избори станав министер за надворешни работи и моментално сум на функција по втор пат. Во мојот еЖивот имам поминато се и сешто кое што колегите погоре веќе го објаснија каде што во поголем дел од тоа сум бил учесник. Да не раздолжувам уште тука завршувам со мојата кратка биографија. 🙂
Само кратко да спомнам, дека единствена работа што ме задржа во играта е дружење то низ чатовите, созавањето на многу пријателства ширум е светот и желбата да ги видам сите Македонци обединети заедно па макар и на виртуелна игра.

Поздрав

п.с. До сите еМакедонки, за повеќе еИнфо испратете еПорака 🙂



Cyril of Macedon - Министер за Образование:

Дојдов на еРепаблик на 21 Август 2009, 640-от ден од Новиот Свет, во еТурција. Она што ме задржа овде најмногу беше нашето заедничко организирање и делување со една цел над сите други, имањето на своја земја во играта. Имавме испратено безброј тикети до администраторите, многу петиции и гласања, безброј артикли за додавање на еМакедонија, каде собравме и имавме огромна подршка и од голем број играчи од други земји. Така по околу година и некој месец, спласна нашиот интерес и многумуна се откажаа поради тоа што сеуште ја немаше еМакедонија во играта.
По некое време, одеднаш ненадејно им текна да додаваат нови земји, меѓу кои и еМакедонија, но под за нас навредливата референца "фиром". По нашите бурни реакции, по неколку дена решија да ја променат својата одлука и да не додадат под сегашното наше име во играта, кое сепак не е како што треба да биде. Така по додавањето на нашата земја, решив да се вклучам во нејзиното раководење.
Претходно сум бил трикратен претседател (од 15.11.2009 до 15.02.2010) на тогашната најголема политичка партија на еМакедонците, која беше во еРусија и еднаш претседател (од 15.03.2010 до 15.04.2010) на Македонската политичка партија во Турција, каде и од двете партии за време на мојот мандат задовме по некое конгресменско место во тие земји. До сега сум бил конгресмен еднаш во Бугарија, два пати во Јужна Кореја и два пати во Македонија.
По додавањето на еМакедонија, станав претседател (15.10.2010-15.11.2010) на првата и единствената политичка партија на еМакедонците, Обединета еМакедонија, која за време на мојот мандат стана и сеуште е најголемата партија во Новиот Свет. Освоивме огромно мнозинство на првите конгресни избори, а и првиот претседател на еМакедонија беше од нашата партија.
Во исто време бев и раководител на Македонскиот Црвен Крст (Октомври 2010) каде имав за задача да помагам со здравјето на тие што навистина имаа потреба од тоа. Во тој период беше помогнато со храна во вредност од околу 250 злато, на околу 800 еМакедонци кои им беше потребна помош.
Потоа станав Министер за Образование (Ноември 2010) во првата еМакедонска влада, каде имам зa задача дa ги зaпoзнавам граѓаните на еМакедонија co ocнoвнитe и пoвaжни paбoти вo игpaтa.
На воен план сум бил во Македонската Фаланга во периодот кога бевме повеќето во Русија пред околу една година, а моментално сум во елитната воена, но и економско-политичка организација АрМакедон.



DedaNoe - Министер за Информирање:

Се викам Никола, во играва сум релативно нов, тазе регистриран, на 28 Октомври, 2010то еБожјо лето есенско, според серверот наш насушен 1,073 ден од неговото еегзистирање во некоја визба за чување на сервери. Дојдов тука после јаки притисоци од другари кои ја играат играва... и после долго читање на темата на кајгана форум од каде што ми е матичното иако одамна - уште пред две години сега епокојните Мартин Давитковски и Toneh ме молеа да почнам да ја играм, не почнав, ни сам незнам зошто а сега гледам што сум испуштил и ми е мака, повеќето тука ме знаат од кајгана форум (кој не ме знае нека ми пише порака и ќе си разјасниме), супер модератор сум на официјалниот форум на играва и се грижам да се запази квалитетното ниво на дискусии, а од скоро време и министер за информирање во еВладата на еМакедонија. Функцијата министер ја прифатив со задоволство и со чест за да помогнам на што поголем број еМакедонци на кои им е потребен убав збор и помош. Неможам да се пофалам со некакви значајни воени или било какви операции во играва бидејќи како што реков, жалам што не почнав да ја играм пред долго време, но сега сум тука и ќе го дадам максимумот за нашата Македонија и онака поминувам добар дел од моето време на нет. Нека биде ова отворен повик за сите останати да придонесат за наплив на нови играчи затоа што оваа игра и дружењето кое го пружа + пријатните разговори на официјалниот чет со секогаш расположените еМакедонци се нешто навистина позитивно.

п.с кајганџии не сум Dedanoe



Commander Tom - Заменик Министер за Здравство:

Здраво јас се викам Томислав. На ден 518 (Apr 21, 2009 ) се роди Commander Tom во Турција (Central Anatolia) заедно со другарчињата од средно од кои само јас останав. Во верзијата 1 немаше многу што да се прави, Работи-тренирај-истепај се и искористи си Q5 болница која беше бесплатна и секој можеше да ја искористи и не се трошеше и пробај да ја сватиш играта и да ја разбереш поентата на играва а весници ретко читав од пуста мрза 😃. Се разбира во првата верзија на човек му требаше најмалку месец дена за да стаса до 10ти левел така да беше многу потешко играњето на почеток за разлика од вторава верзија. Единствено ако некој се занимаваше со политика или весници ќе имаше за што да потроши време 🙂.

Кога јас се регистрирав на играва бевме околу 30-50 Македонци и после неколку дена некој Американец на форум даде да се стави државата МАКЕДОНИЈА која одма беше спамувана од гејладците поради причини кои ги знаете. Тој топик го примети оден од моите другари и после 5 страници спамување од гејладците се јавија и првите 4 Македонци кои ја бранеа својата држава (Commander Tom беше еден од нив 😃 ). Но на средина негде се јави и некој паметен од Канада и почна да си јаде бурек како гејладците но овој беше на повисоко ниво во муабетот за разлика од циганите (гејладците) и после макотрпно бомбардирање со факти, докази и така натаму почнаа и по малце вулгарности. На наша жалост еден од другариве го репортна Канаѓанецот и тој беше баниран но и топикот беше избришан. Тука заврши првата битка за ставање Македонија во играва но војната секако си продужи 🙂.

Понатаму да видиме хммм... а да откако дознав дека Индонезија била моментално најсилна држава Commander Tom се пресели таму и почна да си печали парички. Со компании, весници, политики, алијанси не се замарав од проста причина што не ми беше гајле за другиве држави туку си терав со мојот акаунт да се јачам. Потоа малце ми здосади од играва и се ставив на одмор од 2 месеца. Кога се вратив назад видов дека Индонезија почнала да слабее и Commander Tom си се пресели во MOTHER RUSSIA која беше моќна тогаш и се разбира си продужив да си се билдам но тогаш бевме околу 300 Македонци (ако добро ме служи меморијата). Се пројавија и анкетите за ставање на Македонија во која од SIGNED ништо друго не требаше да се стисне 😃. Но тагаш и воените единици произлегоа во кој ме мрзеше да се замарам селење и едноставно на Commander Tom не му беше интересно да се тепа во политика за други земји. Он си ја чекаше МАКЕДОНИЈА.

После доооста време во Русија и од замор од чекање на Македонија Commander Tom реши да ја напушти играта и тоа траеше отприлика околу 3 месеци или нешто повеќе мислам. Наеднаш преку MSN од другар дознав дека админиве ја ставиле долго очекуваната држава Македонија.

Се разбира одма се вратив на играва и си се преселив во мојата државичка. Од тука решив да се активирам и да ги донесам вештините на маса од Commander Tom за Македонија. До сега све си иде со убав голем успех. Отворив весник кој е доста познат Kuukuriku News (мифалат уште 100 суб за медал дајте ве молам кликнете Subscribe жити господ 😃 ), првиот претседател ме назначи за Заменик Министер за Здравство и се уште сум, бев изгласан за конгресмен 2 пати по ред, отворив компанија за тенкови Tanks from uncle Tom и што понатаму ќе видиме како ќе каже времето 🙂.

И за крај да ми останете живи и здрави дами и господо и да работите со над 90 здравје во компаниите 😉 ДИ ЕНД.



Линк кон првиот дел од статијата

Министер за информирање DedaNoe
заменик министер Macedonian_Lion