Македонија 16 - 4 Турција

Day 1,518, 07:00 Published in North Macedonia North Macedonia by Mile Kostadinoski

Да ве релаксирам малце од ова грчиштава....огин силен да ги изгорит...
Македонската ватерполо репрезентација на фантастичен начин го започна Европското првенство во ватерполо кое се игра во Ајндховен, Холандија.
Избраниците на Игор Гочанин во првото коло против Турција славеа со извонредни 16-4 и на тој начин се наметна како селекција која ќе се бори за самиот врв на првенството.
Натпреварот започна добро за турците, тие со погодокот на Кантал поведоа со 1-0 но потоа целата средба одеше во наша полза а првата четвртина ја завршивме со 3:1.
До крајот на првото полувреме Турците одржуваа каква таква неизвеснот и дозволија да им дадеме уште само 2 погодоци па на пауза се замина со 5:1.
На стартот од второто полувреме, во 3. четвртина ги потопивме Турците во вистинска смисла на зборот, добивајќи го тој период со извонредни 6:0.
Последниот период го игравме со ватерполистите од клупата но сепак и тие успеаа да ја одржат предноста па дури и да ја зголемат, но во последниот дел и турците постигнаа неколку погодоци за конечните 16:4
Најефикасен во редовите на Македонија на овој натпревар беа Ранжиќ и Летица со по 4 постигнати погодоци, но вкупно целот тим одигра фантастичен натпревар.
Утре нашите момци ќе го играат можеби решавачкиот натпревар на овој Еврошампионат, противник на нашите момци ќе биде нашиот јужен сосед.
СЕА УШТЕ ГРЧИШТАНА ДА НИ СЕ ПАДНАТ ДА ГИ ИЗГАЗИМЕ...љољ