Прво Претседателско Обраќање [Северус]

Day 3,384, 05:46 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Поздрав Македонци,

Да започнеме со мал осврт на настаните..
Мислам дека баш кога ја пишував кандидатурата се збореше за оваа акција во Јужна Америка, што ја направија Србија и Бугарија, затоа и наведов во кандидатурата дека ќе пуштиме „некаде“ АС, и да придобиеме некој ресурс. Арно ама, соседите ја започнаа кампањата порано, не не дочекаа нас, затоа што ние во тој момент не бевме спремни.



Кога рековме дека сме спремни и се одлучивме да помогнеме, одбравме мета за напад, но истата во ист момент беше срушена од Астерија и најмногу од неофицијални лица од Бугарија. За наша голема штета, се покажа дека ние сме биле во право, и она што ние сакавме да го направиме моментално го прави некој друг. Бидна што бидна, пиши пропало..

Веднаш тргнавме да бараме друга мета, и беа анализирани вкупно 11 различни сценарија и мети (земји) за каде би можеле да летаме. Ниту едно од нив не се покажа доволно добро за летање.. освен една можеби..
Најчесто од причините: заеднички МППа со нашите сојузници (Астериа), Владата ми сугерираше некои земји да не се напаѓаат затоа што не не нападнале сеуште они, такви работи..

Ама како што тера работата, коцките пак ќе ни се наредат изгледа. Србија е под воен напад, и се очекува уште земји да се вклучат во овој асаулт. Македонија е спремна да одговори во одбрана на сојузникот, и веќе се прават стратегии околу тоа, ако биде се како што треба, ќе видите и самите 🙂



Околу НАПот, мислам дека е излишно да се зборува на темава.. Сите знаеме, и самите Бугари впрочем, дека НАПот најверојатно е да не се продолжи, од проста причина што Србија и Бугарија ги окупираат нивните сојузници во Јужна Америка.. Но, јас ќе сторам се што е во моја можност да го спречам тоа, затоа што секој пат е иста приказна.. Дежа ву по дежа ву.. Колку за потсетник, НАПот истекува следниот месец, на 12ти Март.

Исто така мора да напоменам дека со исклучок на едно востание, Тренинг Војната со Индија конечно оди како што треба.. Во денот имаме по 2 директни напади и 2 востанија, 2 пати повеќе медали за сите.
Инфо за востанијата се објавуваат навремено на Дискорд каналот на еМакедонија.

Линк до каналот: https://discord.gg/MwWnpzH




Останете ми со здравје до наредниот пат,
Претседател на еМакедонија
Северус Снејп