ДУШЕВНАТА ПРИСЕБНОСТ НА ЕДЕН БОСАНЕЦ

Day 3,263, 08:17 Published in North Macedonia North Macedonia by ko3ar28

Приватник-занаетчија со потекло од Босна, испраќа пополнет формулар до осигурителниот завод за преземање на трошоците настанати при повреда на работното место. Се случува во Швајцарија, а образложението во формуларот е објавено во Zuricher Kosmos.

Во формуларот, првично, на прашањето за начинот на случување на незгодата, Босанецот наведува дека „во еден момент непланирано изреагирал“. Со оглед на тоа што таквиот исказ за SUHI (Швајцарскиот осигурителен завод за приватници) е мошне непрецизен, го замолуваат работникот детално да дообјасни, бидејќи е неопходно за понатамошното разгледување…

На молбата, повредениот одговара вака:

„Ценети дами и господо,

во одговор на вашата молба за добивање на дополнителни информации, можам да ви го кажам следново:

Кај прашање 3 во формуларот, наведов непланирано реагирање како причина за несреќата. Ме замоливте да ви појаснам, и еве сакам да го направам тоа.

Како што веќе знаете, по професија сум кровопокривач (керамидџија).
Тој кобен ден се наоѓав на кровот на една шесткатница.
Кога завршив со својата работа, имав 250 кгр. вишок керамиди на кровот кои требаше да бидат симнати.
Затоа што немав намера во безброј наврати да ги носам по скалите, одлучив да ги ставам во голема канта, која инаку служи за кревање и спуштање на товар на висина.

Се симнав на долу и го влечев јажето преку тркалцето сé додека не ја подигнав кантата, врзана за истото, на висината на која ми беше потребна.
Јажето дополнително го врзав со чвор и со тоа ја стабилизирав кантата на висина на шестиот кат.

Потоа отидов на кровот и ја натоварив кантата, за потоа да се симнам доле.

Го одврзав јажето со намера контролирано да ја спуштам кантата која ја натоварив со 250 кгр керамиди.
Ако го прочитавте прашањето под број 11 од претходниот формулар, ќе востановите дека во тоа време бев тежок некои 75 килограми.

Многу изненаден по повод губењето на тлото под нозете, ја изгубив ‘душевната присебност’ и заборавив во целата паника да го испуштам јажето од раце.
Можам да речам дека во тој момент не бев при себе.
Мислам дека овде не треба да наведувам дека со голема брзина одев нагоре. Отприлика на висина на третиот кат се сретнав со кантата (ух)…
Таа средба ја објаснува фрактурата на черепот и скршената клучна коска…

Малку побавно го продолжив патувањето кон врвот, и застанав дури кога врвовите од пристите ми се згмечија во тркалцето на кранот кое ја означуваше највисоката точка.
Болката која не можам да ви ја опишам, воедно е задолжена за кршењето на три прста и два нокта.
И покрај сите болки, јас не ја губам својата присебност и се одржувам на јажето, кое не смеам да го пуштам по никоја цена.

Кантата, која во меѓувреме стигнала на долу на целта, под јачината на ударот се крши и го губи своето дно, притоа доаѓа до испразнување на истатата…

Како што реков во претходниот формулар под точка 11, тежев 75 килограми и со самото тоа многу повеќе од празната канта во тој момент.
Како што веќе можете да замислите, започна многу брзо симнување…

На висина на третиот кат, одново ја сретнав кантата, која овој пат доаѓаше одоздола.
Следеше средба која како последици го носи следново: скршени зглобови на двете нозе, скршено лево колено, и огреботини по нозете и рацете.

Овој пат значително побавно го продолжив патувањето кон дното, каде при падот на искршените керамиди скршив 3 пршлена – болка која не ни ја регистрирав…

Додека лежев така доле, целиот искршен на искршените керамиди, и ја гледав кантата која без дно висеше на висина од шестиот кат, одново останав без својата ‘душевна присутност’ и го пуштив јажето.

Овој пат, кантата без никаков застој тргна кон мене и ми изби 3 заба и ми го скрши носот…

Жалам заради сето ова и се надевам дека со ова ви го олеснав понатамошното разгледување.

Во случај да ви недостасуваат прецизни детали, спремен сум и ви стојам на располагање,

Ваш Менсудин Јахич